За семејства
Учење дома – самостојно, но и со родител
- Лекциите од наставната програма – секоја како мисија од 15 до 20 минути
- Помош чекор по чекор, без готови одговори
- Родителот ги избира предметите, интересите и тестот за проверка на наученото
Платформа за интерактивно совладување на наставните содржини
Flip.mk ги претвора лекциите од наставната програма во интерактивни мисии со приказна, цел и нивоа, како игра.
Детето истражува, комбинира, создава и самото доаѓа до решението, со помош, чекор по чекор, наместо да добие готов одговор.
Flip.mk му помага да учи дома, самостојно или со родителот, но и на училиште заедно со целото одделение.
Така детето учи со разбирање, а не напамет.
Вистински лекции од апликацијата: детето размислува, пробува и гледа што се случува. Допрете на сцената и пробајте сами.
Една лекција – два начина на учење: дома како мисија за детето и на час како повторување со целото одделение.
За семејства
За училишта
Децата не го совладуваат материјалот подеднакво. Она што не го разбрале добро може да им создаде потешкотии во понатамошното учење. Учењето често им станува обврска што ја избегнуваат, а помошта на интернет мисли наместо нив. Родителот гледа оценка, но не и што точно не разбрало детето. Flip.mk е одговорот: учење преку игра, усогласено со наставната програма, што води до вистинско разбирање.
Децата го познаваат светот на игрите: мисии, нивоа, награди. Flip.mk го користи истиот јазик. Затоа учењето не го доживуваат како уште една училишна обврска, туку како игра што сакаат да ја играат.
Flip.mk не е тест со прашања. Секоја лекција е мисија со приказна, цел и нивоа, како во игрите што децата веќе ги сакаат.
Секоја лекција е посебно приспособена: детето истражува, поврзува, комбинира и создава. Така детето го совладува она што го учи на час, без да помисли: „Сега и ова треба да го учам?“.
Желбата за учење произлегува од самата игра: од достигнувањето на нови нивоа, собирањето награди и исполнувањето мисии. Без притисок, без казни и оценки. Учење преку игра.
Целта е детето да учи затоа што сака да ја заврши мисијата, а не затоа што мора.
Задачата е решена, но ништо не е научено.
Прашања што го поттикнуваат детето самостојно и логички да дојде до решение.
Детето не знае каде грешило.
За секоја погрешна опција, детето може да побара помош. Помошта се дава преку прашање или насока за логичко размислување.
Поимот се памети, но не се разбира.
Дефинициите се запомнуваат преку истражување, логичко размислување и поврзување на поимите.
Она што не е добро научено денес може да создаде потешкотии утре.
Знаењето се стекнува без брзање и притисок, а материјалот што детето потешко го совладува дополнително се вежба пред да премине на следната тема.
Не знае кои делови од материјалот детето не ги разбрало.
Родителот има увид во тоа што детето добро совладува, со што има потешкотии и кои пристапи му помагаат во учењето. Сите информации се достапни на еден екран.
Градиме игра за учење, усогласена со наставната програма, што го води детето до вистинско разбирање. Создаваме безбедна средина за учење, во која родителот е партнер.
Проектот се развива во соработка со училиштата, родителите и стручната заедница, при што секоја фаза има јасна цел. Моделот е осмислен за лесна примена во различни наставни програми, јазици и држави.
Го претставуваме проектот во основните училишта и заедно со наставниците разгледуваме што добро функционира, како реагираат децата и што може да се подобри.
Проектот го спроведуваме заедно со институциите и стручната заедница.
Сите едукативни содржини поминуваат низ стручна проверка пред да им бидат достапни на децата.
Пилот-верзијата наменета за училишта првично ќе биде воведена во неколку избрани основни училишта. Наставниците ќе ја користат за време на часовите, со цел учениците преку игра да го повторат и подобро да го совладаат изучениот материјал.
Содржините ги проверуваме и подобруваме заедно со наставниците, родителите и стручната заедница.
Знаењето од проектот останува во заедницата.
Проектот го спроведуваме заедно со оние на кои децата им се најважни. Добијте повеќе информации со посета на соодветната страница.
Ако сте родител или старател, посетете ја страницата За семејства. Ако претставувате училиште, посетете ја страницата За училишта.
Бараме партнер кој ќе придонесе во лекторирањето на едукативната содржина, како и во спроведувањето независна евалуација и етичка ревизија на пилот-проектот. Резултатите од евалуацијата и ревизијата ќе бидат јавно достапни, со што ќе обезбедиме транспарентност и отчетност.
Приклучете сеПоддржете ја надградбата и стручниот преглед на едукативната содржина, независната евалуација и обуките, како и обезбедувањето бесплатен пристап до апликацијата за децата и вклучените училишта за време на пилот-периодот и по неговото завршување.
Поддржете го проектотПрезентации пред надлежните образовни институции (МОН, БРО и др.) за поширока примена на Flip.mk во основното образование. Соработка со општините за финансиска поддршка на имплементацијата на проектот во локалните основни училишта, како и за олеснување и забрзување на воспоставувањето соработка со училиштата, особено во руралните средини.
Контактирајте нèСекоја активност и содржина во проектот е усогласена со македонските и европските стандарди за безбедност на децата и со македонските педагошки стандарди. При користењето на Flip.mk, детето не внесува лични податоци ниту е поттикнувано преку прашања да открива лични информации.
Правила за безбедно користење дома и на час: За семејства · За училишта
Носител на проектот
Здружение за социо-културен развој, СТЕАМ едукација и иновации. Го координира проектот и е одговорно за соработката со училиштата и родителите, стручната проверка на образовните содржини, заштитата на децата, евалуацијата и обуките.
ngoastera.orgТехнолошки партнер
Одговорен за развојот и техничкото одржување на дигиталната платформа и мобилната апликација, вклучувајќи хостинг, безбедност и техничка поддршка.
pintechlabs.comСекој предмет се учи преку истражување, модели и експерименти. Детето учи да размислува, а не само да памети за оценка.
Пристап за семејствата во социјален ризик и за децата од руралните места. Работилници за родителите и наставниците.
Партнерство меѓу невладина организација и технолошка компанија, со прецизно утврдени улоги и одговорности.
Тука ги објавуваме презентациите во училиштата, средбите и потпишаните меморандуми.
Наскоро почнуваме да го претставуваме проектот во училиштата. Сакате да бидете меѓу првите? Пишете ни.
Сакате да организираме презентација во вашето училиште, да дознаете повеќе за проектот или да се вклучите во неговата имплементација? Пишете ни и со задоволство ќе ве контактираме.