ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

10 правила за исхрана кои мора да ги примените ВЕДНАШ!

10 правила за исхрана кои мора да ги примените ВЕДНАШ!

Иако обично си поставуваме тешки задачи во исхраната и затоа ни е тешко да ги оствариме, постојат десет едноставни совети за исхрана што можете и треба да ги примените.

Вие само треба да ги „поделите“ овие цели на секојдневни навики. Размислете да исфрлите 50 калории или малку поинаков оброк. Користете ги овие лесни совети за исхрана базирани на наука за да избегнете стотици калории и лесно да изгубите тежина.

Создадете пријатна атмосфера

Кога вложувате време во создавање на одредена атмосфера, тоа може да го зголеми задоволството од оброкот, па затоа веројатно нема да прејадете. Според едно истражување, луѓето кои јаделе во опуштена средина со слабо светло и слаба музика, јаделе 175 калории помалку по оброк отколку да биле во типичен амбиент во ресторан.

Јадете цело овошје

Истражувачите од Харвард откриле дека заменувањето на три чаши овошен сок неделно со три порции на цело овошје е поврзано со 7% намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Уживајте во закуски после вежбање

Истражувањето открило дека жените и мажите со дијабетес тип 2 кои вежбале шест минути три пати на ден, пред јадење, имале пониски нивоа на шеќер во крвта после јадење отколку во основниот тест. Ако земате закуски после вежбање, само проверете дали се квалитетни.

Користете помали чинии

Истражувачите откриле дека луѓето кои добиле поголеми чинии ,јаделе 16% повеќе од оние што им биле дадени помали чинии. Искористете го овој едноставен совет за исхрана и применете го веднаш – уживајте во оброците од помали чинии.

Исклучете ги сите апарати пред јадење

Одолеете на желбата да јадете и пиете додека гледате видеа или проверувате е-пошта. Истражувачите објавија дека луѓето кои јадат додека се расеани јадат 10% повеќе во една порција отколку што инаку би јаделе.

Јадете пред да јадете

Мезе засновано на супа, чорба или дури и јаболка може да го намали вкупниот внес на калории за време на оброкот за дури 20 проценти, според повеќе студии. Ако земете јаболко, нека биде црвено – истражувачите откриле дека е подобро за слабеење отколку зелено.

Купете замрзната храна

Заштедете пари на омилените производи за замрзнување, цела година! Истражувањата покажуваат дека замрзнатото овошје и зеленчук, собрани и подготвени во вистинско време, можат да бидат похранливи од свежите производи.

Зачини

Пиперинот, препознатлива состојка на биберот, може да има голем потенцијал да се меша во формирањето на нови масни клетки – тоа е адипогенеза, што резултира со проширување на половината, повисоки телесни маснотии и зголемено ниво на холестерол. Затоа, бидете внимателни кои зачини ќе ги одберете.

Само додадете цимет

Добри вести за љубителите на јаглени хидрати: Низа студии открија дека додавањето лажичка цимет во скробен оброк (како овесна каша) всушност може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта и намалување на скоковите на инсулин.

Без утрински закуски

Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои грицкаат пред пладне уживаат почесто и во текот на денот отколку оние кои грицкаат напладне, што резултира со компромитирани напори за слабеење. Избегнувајте утрински закуски и дополнителни калории. „Нурнете“ во фиоката со закуски и слатки напладне, а потоа изберете квалитетни работи и останете на вистинскиот пат.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!