ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Дванаесет едноставни начини за да имате подобар живот

Дванаесет едноставни начини за да имате подобар живот

Здравиот начин на живеење не е само диета и вежбање. Секако, диетата и вежбањето се клучни фактори, но вашата психа е исто толку важна ако сакате да имате подобар живот.

Ако ова е уште еден ден кога се будите со чувство дека треба да се промени, да се поправи, да се елиминира и, генерално, не сте задоволни од вашиот живот таков каков што е, тогаш се наоѓате на вистинското место.

Ако сакате да го промените вашиот живот, не брзајте со драстични промени. Дали размислувате да се разделите, да се откажете или да се преселите во друга земја? НЕ ПРАВЕТЕ ГО ТОА! (сè уште не) Започнете со наједноставното. Променете го вашиот животен стил. Погледнете го вашиот живот со други очи. Почекајте неколку дена. Само кога ќе бидете сигурни дека нешто конкретно не е во ред, тогаш променете го.

Така, денес е вистинската можност да започнете да следите некои од следниве „здрави навики“ кои ветуваат дека ќе влијаат на квалитетот на вашиот живот дури и до 63%.

Изберете сурова храна

Поголемиот дел од вашата исхрана треба да се состои од посно месо (пилешки гради или мисирка) и разновиден зеленчук. Не треба да претерувате со сурова храна, но секогаш кога можете, изберете ја. Секако, не мора да се воздржувате од парче торта во кое ќе уживате.

Пешачете колку што можете повеќе за да имате подобар животен стил

Навикнете се да ги користите стапалата во секоја пригода. Слезете барем две станици порано или паркирајте подалеку од дома за да направите кратка прошетка и да го задоволите вашето тело.

Намалете со консумирањето алкохол

Здравиот начин на живеење значи ограничување на вашите „алкохолни ноќи“ само на  еднаш неделно. Ова ќе направи огромна разлика во функционирањето на црниот дроб, но и во „дебелината“ на вашиот паричник.

Достава на храна на работа

Наместо да нарачувате раженчиња и плескавици, земете си здрав оброк од дома. Повторно, покрај грижата за вашето здравје, му помагате и на вашиот паричник.

Подобар начин на живеење = патување

Организирајте чести екскурзии за време на викендот, па макар тоа да е и само до најблиските дестинации. Не можете само да седите дома и да одите на работа. Мора да бегате некое време бидејќи ова е добро за вашата психа.

Кажете им збогум на негативните мисли

Збогувајте се со негативните мисли и оддалечете се од луѓето кои ги предизвикуваат. Ослободете се од негативноста на секој начин (дури и ако понекогаш изгледате асоцијално).

Ставете крај на токсичните врски

Без разлика дали некој ви е пријател или љубовник, ако ве исполнува со тага и темнина не треба да комуницирате со него. Намалете го дружењето со таквите лица и веднаш ќе забележите резултати во вашиот животен стандард.

Одморете се од врската со технологијата

Потрудете се воопшто да не гледате во мобилниот телефон макар и за неколку часа во текот на денот. На тој начин ќе го исчистите умот. Ќе се чувствувате подобро и поубаво ако наместо на социјалните мрежи, поминете време разговарајќи со соседите.

Започнете со некои активности

Не мора да одите во теретана. Одете на прошетка, трчајте со вашиот пријател или возете велосипед со вашето момче. Дури и движењето и скокањето пред телевизорот помагаат да постигнете подобар животен стил.

Читајте

Не мора да читате поезија. Изберете тема (жанр) што ве интересира и почнете да читате. Книгите ги прошируваат вашите хоризонти и го прават вашиот ум покреативен.

Најдете ново хоби што ќе го промени вашиот животен стил

Обидете се да започнете со готвење. Можете и сами да си направите накит. Зошто да не се обидете да го декорирате вашиот дом? Или можеби сте заинтересирани за фотографија? Најдете нешто што ќе ве инспирира. Тоа е уште една причина да станувате среќни секое утро.

Не грижете се за мислењето и за коментирањето на другите лица

Правете го она што ве прави среќни без да размислувате што ќе кажат луѓето. Ова е круна за подобар начин на живеење.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!