Овие се двата знака од Зодијакот на кои им е најтешко да изјават љубов. За нив „те сакам“ е невозможна мисија

Слични

Овие хороскопски знаци ги чека љубовта за време на празниците

Овие хороскопски знаци ги чека љубовта за време на...

Како „инфлуенсер“ стана грд збор?

Како „инфлуенсер“ стана грд збор? Ако го отворите делот за...

6 токсични особини на емоционално незрели личности

6 токсични особини на емоционално незрели личности. Шокантно е колку...

Сподели

Овие се двата знака од Зодијакот на кои им е најтешко да изјават љубов. За нив „те сакам“ е невозможна мисија.

Кога се вљубуваме, понекогаш е тешко тоа да ѝ го признаеме тоа на друга личност поради несигурност. Астролозите информираат дека има такви лица кои речиси никогаш не кажуваат зборови како израз на љубов.

Тие тврдат дека има претставници на Зодијакот кои лесно покажуваат емоции и ги кажуваат тие два магични збора „те сакам“, но исто така, има и од оние со т.н.„невозможна мисија“.

Таквите луѓе изгледаат ладни и бесчувствителни, но само на прв поглед. Секогаш најтешко ги изразуваат чувствата со зборови оние лица кои во себе имаат вулкан од емоции.

Оние што ги познаваат небесните аспекти откриваат дека за двата хороскопски знака изразот „те сакам“ е најтежок и овие знаци речиси никогаш не го изговараат, иако знаат да сакаат.

1. Јарец

Студено и арогантно – тоа е првиот впечаток што го добиваме за луѓето родени во овој земјен знак.

Други ги доживуваат како непробојни тврдини кои не се допираат или не се освојуваат лесно, но во рамките на нивните четири sида, јарците можат да плачат цела ноќ. Се разбира, само под услов никој да не ги слушне или види бидејќи покажувањето чувства не е својствено за нив.

Тие покажуваат емоции само кога чувствуваат дека некој е подготвен да се откаже од нив и дека можат да загубат некого за кого многу се грижат. Во сите други ситуации, јарците ќе бидат „непобедлива тврдина“, а причината лежи во стравот од повреда.

Јарците претпочитаат да изгубат рака, отколку да му кажат на некого дека го сакаат и дека се грижат за него. Сепак, нивната маска паѓа кога ќе го пробиете „кинескиот ѕид“ што тие го подигнале околу нивните срца.

Ако решите да го чекате моментот кога ќе се урнат sидовите околу јарчево, ќе ви бидат потребни „само“ челични нерви и многу трпение.

2. Лав

Луѓето родени во овој огнен знак тешко се справуваат со суета, а тоа ги спречува да ја покажат својата ранливост кон другите луѓе, дури и ако станува збор за луѓе кои им се блиски и кои ги знаат од раѓање.

Лавовите никогаш нема да признаат дека се срамат од нешто. Исто така, лавот секогаш ќе се обидува да остави впечаток дека секој што е со него, знае многу помалку за него, отколку што тој знае за него.

Овој крал на зодијакот секогаш очекува другите да му се восхитуваат, а тој да го слуша изразот „те сакам“ од нив. Спротивно на ова, лавот ретко и неволно ги користи овие два збора. Тој верува дека е совршен, па дури и кога е свесен дека згрешил, не го признава тоа.

Астролозите се шегуваат и тврдат дека попрво ќе му извадите заб на лавот, отколку што ќе извлечете љубовни зборови од неговите уста.

error: Content is protected !!