Спроведени се бројни анкети и истражувања за физичкиот изглед, а многу од нив се занимавале и со физичките особини што жените сакаат секој маж да ги поседува.
Тоа е она на што жените едноставно не можат да одолеат.
Длабок глас
Висина
Брада
Многу дами ќе се согласат дека гласот е нешто што се забележува на почетокот, особено кога станува збор за длабок доминантен глас што може дури и целосно да го засени остатокот од изгледот на мажот или целосно да го промени физичкиот впечаток на подобро. На жените, мажите со подлабок глас изгледаат секси, самоуверено и моќно.
Дали подлабокиот глас, висината и брадата навистина се меѓу најпосакуваните физички карактеристики? Еве неколку одоговори:
Да, потпишувам, сакам мажи кои имаат се
Тие се важни, но не се клучни
Не, јас лично претпочитам други физички карактеристики
Физичкиот изглед воопшто не ми е важен, фокусот е на личноста.
Дамите сакаат високи мажи затоа што се чувствуваат побезбедно со нив. Овој вид на размислување, т.е. чувството датира уште од античко време. Претпочитањето за повисоките мажи датира од камено време, бидејќи и тогаш се сметало дека повисоките мажи полесно ке ги заштитат отколку пониските.
Ако длабокиот глас и висината се надополнети со брадата, тогаш добиваме непобедлива комбинација. И, иако ретко која жена ќе противречи на висината и длабокиот глас како клучен физички квалитет, за брадите дефинитивно ќе се дискутира повеќе. Сепак, според повеќето истражувања – преовладуваат дамите кои сè уште претпочитаат брада од свежо избричено лице.
Во галеријата, погледнете познати мажи кои ги имаат сите три квалитети и одлучете сами дали тие се навистина клучни.