Четири додатоци за пиење во сезоната есен — зима

Слични

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто?

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто? Лутата...

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав?

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав? Чајот од ѓумбир...

Нетолеранција на лактоза во 2021 година

Нетолеранција на лактоза во 2021 година Нетолеранцијата на лактоза е...

Сподели

Четири додатоци за пиење во сезоната есен — зима

Студеното време, покрај веќе присутниот злобен корона-вирус, носи и други вируси. Од таа причина потребно е да посветите дополнително внимание на зајакнувањето на имунитетот.

Есента и зимата се сезони кога вирусните инфекции демнат од сите страни, а со пандемијата на коронарниот вирус, особено е неопходно да се подигне имунитетот, да се зајакне организмот и да се подготви да се справи со предизвиците што го чекаат до напролет.

Многу луѓе мислат дека е пожелно да се земаат додатоци во текот на целата година. Секако, неопходно е да посветиме посебно внимание за да ја зголемиме отпорноста на организмот во есенските и во зимските месеци, со јасна и единствена цел — да се зајакне нашиот имунитетот.

Постојат групи витамини и додатоци кои, дефинитивно, треба да се земат како додаток штом започне студеното време, а тоа се, пред сè, витамините Д, Ц, железо и магнезиум.

1. Витамин Д

Витаминот Д го добиваме повеќе во текот на летото бидејќи сме изложени на сончева светлина.

Од октомври на нашето тело му е потребна помош за да обезбеди доволни количини од овој важен витамин. Витаминот Д, меѓу другото, помага за зајакнување на имунитетот, но и го регулира калциумот и фосфорот во телото, што е важно за здравјето на коските, мускулите и на забите.

Недостигот од витамин Д може да се манифестира како замор, депресија и мускулна слабост.

2. Железо

Нивото на железо во телото треба да се контролира повремено, во текот на целата година, а особено е важно да се контролира во зима. Ако случајно забележите какви било симптоми на анемија, неопходно е да се јавите кај вашиот лекар. Ако мислите дека немате доволно железо во вашата дневна исхрана, почнете да земате некој додаток со железо.

3. Витамин Ц

Витаминот Ц е особено важен во есен и во зима.

Општо е познато дека витаминот Ц ги одржува здрави клетките на нашето тело. Витаминот Ц помага да се излечат настинки и вирусни инфекции бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Меѓутоа, прекумерното внесување на овој витамин може да биде штетно. Инаку, за лицата на возраст од 19 до 64 години дневно се препорачуваат 40 мг витамин Ц.

4. Магнезиум

Овој минерал е особено важен за имунолошкиот систем, но и за претворање на храната во енергија.

Се препорачува да земате магнезиум во текот на целата година, но ако веќе не го правите тоа, важно е да го земате во текот на есенските и на зимските месеци.

Недостигот од магнезиум во организмот е доста честа појава. Имајќи предвид дека е втор најчест електролит во човечкото тело, важно е секогаш да го внесуваме за да имаме доволно од него. Ниското ниво на магнезиум може да предизвика висок крвен притисок, вознемиреност, но и депресија. Затоа е многу важно да се користи магнезиум во постудениот дел од годината.

Се препорачува да се пијат и други додатоци по потреба, по консултација со лекар. Таа листа вклучува: селен, цинк и витамин Б.

error: Content is protected !!