Четири неверојатни теории за Хитлер во кои веруваат милион луѓе

Слични

Најубавите цитати на влијателни жени низ историјата

Најубавите цитати на влијателни жени низ историјата. Сетете се на...

Сексот и градот доаѓа во декември! Погледнете ја најавата

Сексот и градот доаѓа во декември! Погледнете ја најавата HBO...

Автопортретот на Фрида Кало е продаден за 35 милиони долари

Автопортретот на Фрида Кало е продаден за 35 милиони...

Што се случи со Мртвото Море?

Што се случи со Мртвото Море? Мртвото Море, спектакуларно солено...

Сподели

Четири неверојатни теории за Хитлер во кои веруваат милион луѓе

Адолф Хитлер, секако, е една од најомразените личности во историјата и човек чии визии за светот денес се прогласени од сурови до целосно луди. Сепак, неговите идеи не се единствените неверојатни приказни поврзани со нацистичкиот водач. Некои теории за Хитлер се, речиси, подеднакво бизарни!

Ви претставуваме четири сосема луди теории за Адолф Хитлер, кои некогаш ги разгледувале или сè уште ги разгледуваат сериозни експерти и историчари, само што на крајот не успеале да дојдат до ниту еден конкретен доказ.

Хитлер бил Евреин

Постои цела школа која го застапува ставот дека Хитлер, човекот одговорен за холокаустот, всушност, бил Евреин. Името на дедото на Хитлер никогаш не било со сигурност утврдено од страна на таткото, но се знае дека неговата баба работела како слугинка во домот на еден богат Евреин.

Идејата дека таткото на Хитлер е вонбрачното дете на тој Евреин, ја разгоре фантазијата на многу теоретичари на заговор, но и на некои сериозни историчари. Во 2010 година беше направена ДНК анализа врз основа на примероци собрани од 39 денешни познати роднини и потомци на Хитлер. Резултатите беа нецелосни, така што теоријата, всушност, сè уште е релевантна.

Хитлер сакаше да стане бесмртен

Нацистите беа опседнати со докажување на нивното потекло. Тие мислеа дека се постари и „почисти“ од секој друг. Затоа Хитлер, во 1933 година тргна во потрага по  објектите кои се сметаа за најтаинствени во светот, за да го поддржи ова тврдење — копјето на судбината, Ескалибур… и, се разбира, светиот грал.

Платениците на Хитлер го преплавија светот во потрага по овие предмети. Како што е познато, според легендата, оној што пиел од светиот грал, го добил дарот на вечен живот. Теоријата вели дека нацистичкиот водач, всушност, сакал да стане бесмртен.

Хитлер, всушност, бил многу „убав“ човек

Постојат многу теории кои тврдат дека Хитлер бил многу „добар и убав човек“ и дека сликата на чудовиштето што ја имаме денес на ум, кога ќе се спомене неговото име е  резултат на преувеличената слика која медиумите ја создале за него.

Според овие теории, многу од навиките на Хитлер (неговите уметнички склоности, љубовта кон животните и фактот дека бил вегетаријанец) зборуваат во прилог на неговата пацифистичка личност.

Хитлер имал вселенски брод, а нацистите — база на Месечината

Теоријата, во основа, е многу едноставна. Долго време пред која било друга земја во светот, нацистичка Германија имаше многу развиена вселенска програма, ракети и план да испрати луѓе на Месечината.

Имаше дури и очевидци кои тврдеа дека ги виделе овие ракети, а некои отидоа дотаму тврдејќи дека го виделе самиот Хитлер во вселенско летало. Природно продолжување на оваа теорија беше кажувањето дека нацистите имале база на темната страна на Месечината во која се засолниле по падот во 1945 година.

error: Content is protected !!