ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Пет лекции од Стив Џобс (Steave Jobs) за претприемништвото

Пет лекции од Стив Џобс (Steave Jobs) за претприемништвото

Многумина велат дека човек не станува успешен претприемач, туку се раѓа. Иако ова е тема само по себе, факт е дека постојат одредени работи кои можеме да ги научиме од другите — поуспешните и поискусните.

И во светот на бизнисот, еден од симболите на успехот е токму Стив Џобс (Steave Jobs), човек кој создаде своја филозофија и како резултат, ја потврди неговата вредност.

Авторот Гај Кавасаки (Guy Kawasaki), инспириран од Џобс (Jobs), со кого имаше можност да соработува и чијашто кариера ја следеше до крајот, напиша пет лекции за да му се заблагодариме на Џобс (Jobs). Ги пренесуваме со надеж дека ќе ви помогнат да изградите сопствен успех.

Не можете да им кажете на луѓето што е она што им се допаѓа

Луѓето можат да ви кажат што им се допаѓа, а тоа обично се однесува на нешто што веќе постои, но е подобро, побрзо и поевтино. На пример, во текот на 80-тите години на XX век, клиентите на Епл (Apple) сакаа подобри, побрзи и поевтини компјутери на Епл 2 (Apple II). Никој не бараше Мекинтош (Macintosh). Клиентите го добија токму тоа.

Успешните претприемачи можат да го создадат она што луѓето не можат да го изразат

Експертите не можат да ви кажат што треба да направите. Тие можат да ви кажат што не е во ред со вашиот производ, но не како да го поправите она што не е во ред. Исто така, тие, како и клиентите, ќе можат да ви дадат совет како да се поставите подобро кон другите.

Акцијата е на следниот свиок

Во текот на 30-тите години од XIX век собирачите на мраз беа избришани од фабриките за мраз. Во текот на 50-тите години од истиот век фабриките за мраз беа избришани од компании за фрижидери. Борбата со натпревар може да даде резултати, но вистинската иновација доаѓа кога ќе стигнете до следниот свиок или тогаш кога сами ќе го креирате.

Важен е дизајнот на производот

Можеби не е важно за секого, но доволно е важно да имате моќ да направите разлика. Не е доволна веќе само функционалноста. Сега вашиот производ или услуга мора да ја заврши својата работа на елегантен и на задоволителен начин. Стив Џобс (Steave Jobs) и Епл (Apple) засекогаш ги зголемија очекувањата на луѓето.

Вредноста на производот не е иста со цената

Цената е број отпечатен на хартија. Таа ги претставува вкупните трошоци и профит што ги носи еден производ. Производ со повисока цена понекогаш може да има поголема вредност бидејќи ги намалува трошоците (како што е, на пример, обука), а тоа ќе овозможи да се дојде до подобри резултати. Не фокусирајте се на цената, туку на обезбедување и прикажување на вредноста.

Џобс (Jobs) ја застапуваше идејата дека, за да им се верува на некои работи, тие прво мора да се видат. Скептиците одбиваат да веруваат во нешто додека не го видат со свои очи. Ако сакате да бидете претприемач, мора да верувате во вашата идеја. Затоа Стив Џобс (Steave Jobs) го промени светот, додека другите чекаа тој да се промени сам.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!