ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Пет возбудливи начина како да го „зачините“ вашиот брак

Пет возбудливи начина како да го „зачините“ вашиот брак

Бракот е навистина нешто што не можеме да го споредиме со другите врски во нашите животи.

Иако имате уникатен однос со вашиот најдобар пријател, брат или сестра, партнерот, сепак, е нешто посебно. Некој кој е сето тоа во исто време. Со таа личност наоѓате неверојатна сигурност покрај сите други мали придобивки што ги носи бракот. Така, повторно, по некое време, почнувате да се чувствувате, ако се осмелиме да кажеме… здодевно. Нели?

Но, не грижете се. Тоа не значи дека вашиот брак е осуден на пропаст.
Ви откриваме неколку интересни начини со кои можете да го направите вашиот брак повозбудлив.

НАПРАВЕТЕ ЧЕКОР ПОВЕЌЕ ОД ИЗРАЗОТ „ТЕ САКАМ“

Нема ништо поубаво од тоа секој ден да му кажувате на сопругот дека го сакате. Кога ќе се разбудите наутро, секој оди по својот пат по појадокот и кога ќе се сретнете навечер, понекогаш дури и таа прекрасна фраза станува еден вид шаблон. Не сакате да ѝ кажете на саканата личност дека ја сакате многу. Наместо тоа, бидете креативни и кажете ѝ: „јас сум среќен што си во мојот живот“ или „ти си целиот мој свет“.

ПОКАЖЕТЕ ФИЗИЧКО ЗАДОВОЛСТВО КАКО НЕКОГАШ

На почетокот на бракот, повеќето парови не можат да ги држат рацете подалеку еден од друг. Ја користат секоја прилика во текот на денот да се гушкаат и бакнуваат. Како што минуваат годините, физичката наклонетост почнува да опаѓа бидејќи сме преокупирани со бројни обврски во животот. Лесната масажа на грбот по напорниот ден е фантастичен начин да му покажете колку го сакате, како и да се држите за рака додека гледате филм навечер.

СПОДЕЛЕТЕ НЕШТО НОВО 

Нема сомнеж дека споделувањето нови и интересни искуства во бракот е она што  нè поврзува најдобро. И ова изгледа како невозможна задача бидејќи сте заглавени во рутина од која нема излез. Сепак, светот ни е попристапен од кога било. Најдете интересна локација во вашата област и предложете да ја посетите. Прочитајте некој необичен рецепт и подгответе му нешто што досега не го пробал. Научете неколку валцерски чекори и замолете го да танцувате на подиумот во вашата дневна соба.

ПРОМЕНЕТЕ НЕШТО ВО СПАЛНАТА СОБА

Прекрасно е да знаете како можете да го возбудите вашиот сопруг, но ако сте го направиле тоа на ист начин веќе милион пати, време е за некои нови потези. Купете си нова долна секси облека, направете патека со ливчиња од роза до вашиот брачен кревет и оставете порака на вратата за да може да ја следи. Поставете огледала во спалната соба, запалете свеќи, пуштете лесна музика, додајте свилена постелнина и  направете му стриптиз. Друга идеја е да ја преместите целата приказна на под со удобни перници.

ПЛАНИРАЈТЕ ЗАЕДНИЧКИ СРЕДБИ И СО ДРУГИ ЛУЃЕ

Ако ретко се дружите со пријателите, неизбежно е да дојде до заситеност на вашата врска порано или подоцна. Потребни ни се други луѓе, првенствено за размена на информации, мислења, но и за потсетување зошто сме се избрале еден со друг. Пријателите се важна алка која не смеете да ја изгубите ако сакате вашиот брак да биде функционален.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!