Шест начини да останете здрави додека работите седејќи пред компјутер

Слични

Парче печена или варена тиква помага да се спречат главоболки

Парче печена или варена тиква помага да се спречат...

Колку шолји чај дневно е доволно?

Колку шолји чај дневно е доволно? Чајот има бројни придобивки...

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна без глутен!

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна...

Сподели

Шест начини да останете здрави додека работите седејќи пред компјутер

Многу луѓе работат, најчесто, во седечка положба. Можеби звучи како неактивна работа, но дефинитивно има голем број негативни ефекти. Седењето по цел ден го зголемува ризикот од хронични здравствени проблеми како што се: дијабетес тип 2, дебелина и срцеви заболувања.

Работата на компјутер и здравјето

Иако долгото седење за време на работењето (најчесто работењето на компјутер) носи поголеми ризици по здравјето, тоа не значи дека треба да се откажете од овој тип на работа. Применувајќи ги следниве совети, можете да работите на вашиот компјутер, а сепак да останете флексибилни и здрави.

Вежбајте добро држење на телото

Размислете за начинот на седење. Важно е да не се подгрбавите додека седите, колку и да било тешко. Лошото држење на телото може да ги напрегне мускулите и зглобовите, а тоа доведува до проблеми со рамнотежата, замор и болки во грбот и вратот. Исто така, може да ги направи движењето, вежбањето и секојдневните активности целосно непријатни.

Приспособете ги мониторот и екранот

Грижете се за тоа како е поставен компјутерот. Поставете го мониторот директно во видното поле за да не гледате нагоре или надолу кон екранот. Ова ќе го задржи вратот во неутрална положба, спречувајќи напрегање на вратот и на рамената. Заштитете ги очите со намалување на отсјајот на екранот. Сјајот на екранот ве тера да замижувате или да ги триете очите за да гледате подобро, што на крајот доведува до заморување на очите.

Правете редовни паузи

Долгото седење во иста положба може да предизвика затегнување на многу мускули. Тоа предизвикува болка и напнатост, а го отежнува движењето дури и кога ќе завршите. За да го спречите ова, обидете се да направите паузи од работата на секои 20 до 30 минути. Станувајте почесто за да избегнете да останете долго време во иста положба.

Периодичниот одмор за време на ментално напорните задачи може да помогне да се намали заморот и когнитивното преоптоварување и да се постигне позитивен ефект за време на работата.

Одвојте време за здрави хранливи ужинки

Ужинката може да ви помогне за полесно извршување на работните задачи. Исто така, придонесува за стабилизирање на шеќерот во крвта, давајќи ви доволно енергија за да го победите денот.

Ручајте подалеку од компјутерот

Примамливо е да ручате на работната маса, особено кога сте зафатени со работа. Сепак, обидете се да ја смените оваа рутина. Ова ќе ви помогне да се чувствувате позадоволни.

Пијте многу течности

Дури и кога седите цел ден, важно е да останете хидрирани. Во текот на денот, постојано ја губиме таа вода преку потење, дишење и нормални телесни функции.

error: Content is protected !!