ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Шест намирници — пријатели на добриот метаболизам. Како полесно да се дојде до витка линија?

Шест намирници кои се пријатели на добар метаболизам: Полесно до витка линија.

Оваа храна ќе направи да се чувствувате енергично и здраво, а исто така ќе ви помогне полесно да го изгубите вишокот килограми.

Познато е дека одредена храна има корисен ефект врз телото зашто може да делува како прочистувач на крвните садови и на црниот дроб и да помогне во варењето на храната. Тоа придонесува да се одложи стареењето и да се подобри линијата.

Нутриционистите тврдат дека постојат шест намирници кои се особено ефикасни за забрзување на метаболизмот и за согорување на маснотиите.

1. Немасно месо

Потребно е повеќе време за варење на протеините, отколку за варење на маснотиите и јаглехидратите. Затоа, нутриционистите препорачуваат да вклучите пилешко, мисиркино месо и риба во вашата исхрана, а да исклучите или да минимизирате црвено и масно месо.

Нутриционистите тврдат дека протеинот може да го зголеми согорувањето на калории по оброк дури за 35 проценти.

2. Мешунки

Гравот, боранијата и другите мешунки се одличен извор на протеини, а исто така се богати со растителни влакна. Телото троши многу енергија кога ги разложува влакната и протеините, а тоа го забрзува метаболизмот.

На пример, високата содржина на влакна во гравот или боранијата, исто така, помага да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта.

3. Ореви

Оревите се уште еден одличен извор на протеини и на влакна. Нутриционистите велат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови (ореви, лешници и бадеми) имаат помала потреба за користење инсулин и помал обем на половината од оние кои  „бегаат“ од нив. Лицата кои не ги внесуваат оревите, лешниците и бадемите во нивната исхрана веруваат дека тие се калорични и дека содржат многу маснотии.

Имено, на оревите им треба подолго време за да се распаднат, што ги прави подобри за метаболизмот.

4. Житарици од цели зрна

Житариците од цело зрно се полни со сложени јаглехидрати, за кои е потребно долго време за да се распадне телото. Нутриционистите тврдат дека консумирањето на вакви житни култури ја зголемува потрошувачката на енергија по оброк за 50 проценти повеќе, отколку кога јадете преработена храна.

Храната со сложени јаглехидрати има повеќе хранливи материи. Јаглехидратите содржат витамин Б, кој игра голема улога во претворањето на храната во енергија.

5. Пробиотици како храна

Ферментираната храна како јогурт, кефир и кисела зелка помага да се зголеми бројот на добри бактерии во цревата. Овие бактерии се одговорни за варењето на храната, а во исто време имаат корисен ефект за забрзување на метаболизмот.

6. Кофеин

Кофеинот е моќен стимуланс. Познато е дека ни помага да се разбудиме и да го забрзаме метаболизмот. Го блокира невротрансмитерот аденозин, па поради тоа другите невротрансмитери ослободуваат повеќе допамин и норепинефрин.

Тоа ни помага да се чувствуваме будни и полни со енергија. Конечно, веројатно сте забележале дека не чувствувате глад барем еден час откако ќе испиете филџан кафе.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!