Да се биде сингл одамна престана да биде табу тема. Честопати тоа е наша одлука, а исто така и наша потреба. Кога целата љубов што ја имаме и можеме да ја дадеме некому, ја насочуваме само кон нас самите, ќе светнеме иако е мрак.
Меѓутоа, во овие пандемични денови кога понекогаш се чувствуваме осудени на самите себе и кога ни пречи фактот дека сме „сами и никој“, треба да се потсетиме што сè можеме да сториме кога сме посветени на себе. Животот е пребрз каков што е, но кога ќе ни се даде можност и планетата ќе забави, можеме да го искористиме она што сме на сами на најдобар можен начин.
Усовршете го вашиот омилен јазик
Ако во еден момент започнавте да учите јазик кој секогаш ве фасцинирал, сега е време да го завршите. Додека не можеме да јадеме, да се молиме и да сакаме во Рим и на тој начин да научиме италијански, можеме да се учиме на ZOOM и апликацијата Duolingo. Секогаш е одлично да гледате филмови и да слушате музика на тој јазик. Така англискиот го научивме како деца.
Гледајте класични филмови
Во животот, ние секогаш се обидуваме да не гледаме наназад, дури и кога се тоа филмови. Следејќи ги актуелните трендови, понекогаш забораваме на класиците што кријат снимки и дијалози кои мозат да поместат планина. Направете список со постари филмови што сте сакале да ги гледате, но секогаш сте имале нешто побитно. Сега е вистинското време за Breakfast at Tiffany’s, Gone with the Wind, Wuthering Heights или Charade.
Научете да правите коктели
Време е да преминете од џин и тоник во нешто малку посложено. Кога барот е забранет со закон, ништо не спречува да го правиме дома. Коктели како маргарита или едноставна мохито се нешто што може да не размрда малку сабота навечер, особено ако вечерта е тематска. Со маргарита, препорачуваме маријачи а телефонот да е исклучен.
Бојадисајте ја собата
Кога не можеме да го средиме просторот во главата, главно го средуваме просторот во кој живееме. Направете капачиња од весници, изберете боја што ве прави среќни, пуштете музика и бојадисувај (и ролерот и вие самите). Она што не го разбираме е дека ние го користиме уредувањето на просторот како бегство, но сето тоа безделничење сè уште нè тера да размислуваме, а потоа по патот го организираме просторот во главата.
Заштедете за „нешто големо“
Иако она што го оставаме за секој случај, го трошиме како и да е, можеби сега е време да се обидеме да заштедиме нешто. Кога сме сингл и нашите финансии се само наши, и нема излез што може да не удри по џебот, најголеми шанси се да си дозволиме нешто што инаку не би можеле. Обидете се да ставате нешто настрана секој месец и да се почестите со некое егзотично патување во Занзибар, автомобил или нешто што сè уште вашата душа сака во тие денови.
Размислете за иднината
Дали вашиот живот е таков каков што е сега, за што сонувавте како мали? Дали сте тоа што сте, дали сте таму каде што сте? Ако одговорот е не, овој текст е знак дека треба да смените нешто. Никогаш не е доцна да ја смените професијата, да се подобрите и да се запишете на магистратура што отсекогаш сте ја посакувале, да започнете сопствен бизнис. Не плашете се од ризик. Сега е време за се или ништо. И нека нема ништо, но ако се потрудиме може да добиеме се. Но, само по себе, тешко.