7 јасни знаци дека вашето тело е полно со токсини

Слични

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете. Водич за...

Најмоќниот чистач за организмот

Најмоќниот чистач за организмот. Традиционален рецепт за напиток кој ќе...

Дали е корисно да се пие кефир ноќе?

Дали е корисно да се пие кефир ноќе? Вистина или...

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото. Самата сол...

Туна или лосос: што е поздраво?

Туна или лосос: што е поздраво? Прашање на денот! Зошто е...

Сподели

7 јасни знаци дека вашето тело е полно со токсини.

Некои проблеми се всушност знак дека телото се бори со токсините – препознајте ги!

Токсините ги внесуваме во телото на различни начини, а некои од нив се неизбежни.

Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Доколку постојано имате проблеми со сонот, добро би било да го проверите здравјето на црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган.

Црниот дроб вообичаено ги неутрализира токсините, па може да ви помогне да додадете храна богата со сулфур во вашата исхрана, особено лук.

Главоболки

Постојаните и хронични главоболки може да бидат знак дека имате премногу токсини во телото. Згора на тоа, наталожените токсини во телото се една од најчестите причини за главоболка, затоа внимавајте.

Летаргија

Доколку се чувствувате летаргично, не би било лошо да размислите за детоксикација. Најдоброто нешто што можете да направите е да јадете повеќе овошје и зеленчук, но пред се храна богата со витамин Б, бидејќи тој е многу важен за менталните функции како концентрацијата и меморијата.

Проблеми со кожата

Проблематичната кожа, склона кон мозолчиња и осип , всушност може да биде резултат на акумулираните токсини во телото. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот, бидејќи се што не е во ред се исфрла на неговата површина.

Јазикот се менува

Храната која содржи токсини може да ја наруши слузта на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот. Ако површината на јазикот стана бела или жолта, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори со токсините.

Акумулација на масно ткиво во абдоменот

Токсините кои ги внесувате преку храна и пијалоци, но и токсините кои ги вдишувате го забрзуваат акумулацијата на масното ткиво на желудникот. Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму, а можат да се отстранат само со детоксикација.

Чувство на топлина

Телото ги исфрла токсините со потење, а кога има многу наталожени отрови, повеќе ќе се бори против нив, па повеќе ќе се потите. Така, може да ви се случи постојано да ви е жешко, дури и кога е прилично студено надвор или во просторијата каде што сте.

error: Content is protected !!