Седум начини да изгледате одлично за време на тренинг.
Фитнес-експертите тврдат дека е важно како изгледаме за време на вежбањето бидејќи тоа влијае директно на нашата самодоверба. Во практика, тоа значи дека треба да носите облека од квалитетен материјал и секогаш да избирате патики со кои ќе можете да трчате или да правите вежби за кои е потребна сила, лесно, без ризик.
Иако никој од нас не очекува да изгледа како супермодел додека вежба, добриот избор за време на вежбањето може да ја зајакне нашата мотивација. За нас удобноста секогаш се зема здраво за готово и ве советуваме да ја ставите на прво место. Исто така, ви нудиме и едноставни совети со кои можете да ја исполните целта и да изгледате одлично за време на вежбањето, односно на самиот тренинг.
Изберете облека во согласност со фигурата
Модните трендови доаѓаат и си одат. Затоа, фокусирајте се на гардероба која е удобна за вас и прави да се чувствувате сигурно за време на тренингот. Истовремено, со чувството на сигурност се зголемува и нашата самодоверба.
Ако размислувате да купите облека за тренинг во продавница, тогаш не купувајте ја. Наместо тоа, одвојте малку повеќе слободно време и најдете сет за себе. Изберете облека која ви одговара на обликот на телото и не е премногу тесна. Едноставно, изберете облека практична за тренирање. Фитнес-експертите велат дека секогаш треба да изберете спортска опрема бидејќи таа е наменета за тренинг.
Одлучете се за лесни материјали
За време на тренингот потребна ни е гардероба која не ја впива потта, туку ѝ овозможува на кожата да дише. Со дамки од пот никој не се чувствува сигурен, иако потењето е неминовно. Со соодветен материјал вашата кожа ќе може да дише. Ќе избегнете осип на нозете и на грбот, но и појава на црвени мозолчиња поради голема количина на пот и на топлина.
Освежете го лицето со крем
Во моментов постои тренд на шминка за тренинг, кој вклучува минимална количина на коректор, маскара и кармин. Не ви препорачуваме да ги следите модните трендови слепо бидејќи и најмала количина шминка, поради потењето и напорното вежбање, може да ви ја иритира кожата, да ги затне порите и да предизвика мозолчиња и воспалителни процеси на кожата.
Наместо тоа, пред да одите на тренинг, исчистете ја кожата и нанесете хидратантна крема која ќе го направи вашиот тен свеж, а вашето лице одморено. Веднаш штом ќе завршите со тренингот, измијте се и истуширајте се за да ги отстраните потта и целата нечистотија од вашето тело.
Носете добро опремен спортски градник
Не само што носењето погрешна големина на градникот или носењето градник што не е наменет за вежбање може да доведе до здравствени проблеми и повреди за време на тренингот туку тоа може да ја наруши и вашата самодоверба. Потрудете се да најдете цврст градник кој е удобен за вас, одговара на вашето тело и не се движи за време на тренингот. Спортскиот градник е важен за да можете да ги изведувате вежбите опуштено.
Изберете гардероба во боја
Зошто нашата опрема за тренинг треба да наликува на црно-бел комплет за физичко образование во основно училиште? Одлучете се за живи бои кои ќе разбудат позитивна енергија во вас и ќе ве мотивираат да тренирате. Ако не ви се допаѓа ексцентричен изглед, спојте го шарениот топ со темни хеланки.
Кога станува збор за боите, постои големо истражување за тоа како боите на вашата облека можат да делуваат мотивирачки на вас. На пример, црвената боја може да ве мотиривира да се префрлите на потешки вежби и да ве поттикне да преминете на вежби за кои е потребно повеќе сила.
Сината боја ви помага да вежбате подолго, велат експертите. Заедно со својот смирувачки ефект, таа, исто така, помага да се подобри нивото на концентрација.
Зелената е една од најпопуларните бои што се забележуваат во теретаните. Таа ќе ви овозможи да добиете повеќе енергија и да бидете помалку уморни по тренингот.
Експертите велат дека можете да изберете розови и пастелни бои кога се занимавате со јога бидејќи овие бои придонесуваат телото да се опушти.
Тренирајте со врзана коса
Веруваме дека и вашата коса изгледа најубаво кога е пуштена, но по поминато одредено време од тренингот, таа ќе стане целосно испотена и ќе акумулира влага. Вашата фризура нема да изгледа убаво и може да се наелектризира. Затоа, секогаш се препорачува да имате уредна фризура која се постигнува со измазнета коса, врзана во високо опавче или во пунџа.
Носете крпа на тренинг
Нема ништо полошо од мрсен тен и од неприроден сјај на кожата. Тоа ја расипува самодовербата на жените ширум светот за време на тренинзите. Затоа, земете крпа со вас и избришете ги рацете, рамената и лицето. На тој начин ќе спречите инфекции на кожата, појава на мозолчиња и помали алергиски реакции на голема количина пот.