Седум скапоцени совети за среќен живот
Мудри зборови што ќе ви дадат сила да продолжите понатаму.
Изреката „Како што зрачите, така и привлекувате“ многупати се покажала како вистинита. Размислете добро и ќе сфатите дека, кога сте биле добро расположени, секогаш ви се случувале убави работи и обратно.
За живот исполнет со среќа, не е доволна само желбата. Потребно е да го промените начинот на размислување. Негативните мисли се како плевел и ќе бидат таму сè додека не ги „извлечете“ сите до една.
Сепак, не постои совршен живот. На сите ни се случува во понеделник „да ни потонат сите бродови“ и ништо да не ни оди. Поразите се, исто така, составен дел од животот и сосем нормални. Значи, кога мислите дека немате сила да продолжите понатаму, сетете се на овие реченици:
1. Нема успех без неуспеси
Животот е доста сложен и тоа правило важи апсолутно за сите нас. Дури и многу успешните и славни луѓе ги имаат истите проблеми како и сите други, иако, кога ги гледаме нивните фотографии во списанијата, мислиме: „Еве некој што нема од што да се жали“.
Запомнете, сите подеднакво страдаме. Единствената разлика е во тоа што некој постојано се жали, а некој ја крие својата болка.
Дури и кога проблемите и неволјите ви паѓаат на грб без најава, сепак има и нешто убаво. Во тој случај, променете ја перспективата и начинот на кој гледате на ситуацијата. Не очајувајте, туку добро размислете како можете да го решите проблемот.
2. Некои луѓе не се таму за да останат засекогаш и тоа е во ред
Кога вашиот најдобар пријател, член на семејството или партнер, ќе ве изневери, без објаснување, не очајувајте. Иако е разбирливо дека на почетокот страдате и ќе мислите дека повеќе не можете да верувате во никого, сепак, размислете повторно. Ова не е ништо друго, освен добра животна лекција. Некои луѓе се испратени во нашиот живот „да нè разбудат“, да ни ги отворат очите и да нè научат да бидеме повнимателни.
3. Минатото не може да се промени
Сурова вистина на животот: минатото засекогаш ќе остане онакво какво што е. Но, тоа не ја одредува нашата иднина.
Ако човек некогаш се сопнал или не успеал, не значи дека и понатаму ќе го доживува истото. Сами го избираме својот животен пат. Ако сакаме, можеме да го промениме нашиот живот и тоа токму сега.
4. Сè во животот поминува, па така ќе помине и ова
Сè во животот е привремено: темнината на ноќта, свежината на утрото, самракот. Дождот завршува порано или подоцна. Раните зараснуваат. Ништо не е вечно. Потребно е само малку трпение и резултатите сами ќе се покажат.
Запомнете: Ако сè уште не сте таму каде што сакате да бидете, тогаш тоа не е крај.
5. Клучот е во благодарноста
Дури и кога нешто ви изгледа толку лошо, бидете благодарни. Колку и да звучи чудно, започнете го денот со благодарност.
Покажете благодарност за фактот дека се разбудивте, за разлика од илјадниците луѓе на планетата кои никогаш повеќе нема да го видат сонцето. Бидете благодарни што сте здрави и способни да одите. Бидете благодарни за тоа што вашите сакани се живи и здрави. Бидете благодарни за животот. Да, за цел живот. Причината е само една: животот е убав.
Најлесен и најефикасен начин да се ослободите од негативните мисли е да ѝ се заблагодарите на судбината за сите оние работи што ги имате и да го правите тоа секој ден.
6. За сè што е убаво во животот, потребно е време
Нешто може да се случи „одеднаш“ само во бајките и во евтините сапуници. Во животот, за убавите работи е потребно време, понекогаш месеци, па дури и години.
Но, запомнете, ако не успеавте да постигнете нешто во истата секунда, не значи дека никогаш нема да го направите тоа. Потребни се многу напор, работа и трпение за да се достигне врвот. Ова е единствената формула за успех и мудар пристап кон животот.
7. Негативноста никому нема да му донесе ништо добро
За живот исполнет со среќа, не е доволна само желбата. Мора да го промените начинот на размислување. Затоа, секогаш размислувајте позитивно. Избркајте ја негативноста и сè што ве влече кон дното. Секогаш размислувајте за доброто и тоа ќе дојде.