Осум реченици кои треба да им ги кажете на родителите пред да биде доцна

Слични

Научниците тврдат дека начинот на породување влијае врз интелигенцијата на бебето

Научниците тврдат дека начинот на породување влијае врз интелигенцијата...

Сподели

Осум реченици кои треба да им ги кажете на родителите пред да биде доцна

Вашите родители заслужуваат да ги слушнат овие реченици пред да биде доцна.

Секој ден мислам на вас

Дури и кога сум најмногу зафатен и во хаотична состојба, вие сте секогаш во моите мисли. Можеби понекогаш ви се чини дека не се трудам доволно да одржуваме контакт, но знајте дека постојано мислам на вас.

Навистина го ценам сето она што го направивте за мене

Не го кажувам тоа често, но навистина сум благодарен за сè што направивте за мене. Не останаа незабележани ниту најмалите детали. Никогаш не заборавам да се заблагодарам за нив, дури и кога не ви го кажувам тоа лично. Од срце го ценам секој убав гест како резултат на вашата добрина затоа што знам дека ме сакате повеќе од сè на светот.

Ве сакам

Среќен сум што сте тука со мене и што ги поддржувате моите одлуки и желби. И кога ќе ве нема, ќе имам сила да продолжам понатаму поради вас. Ве сакам. Никогаш не заборавајте го тоа.

Знам колку се жртвувавте за нас, вашите деца

Знам дека тие жртви понекогаш беа многу тешки. Да имате деца, значи нив да ги ставите пред вас. Со тоа, всушност, се укажува дека потребите на детето треба да бидат пред вашите и дека особено е важно да донесувате одлуки за она што е најдобро за вашето дете.

Ве молам, никогаш немојте да се сомневате дека не го ценам она што направивте за мене и сето она што ми го дадовте за да имам подобар живот денес.

Јас сум подобра личност затоа што ве добив за родители вас двајцата

Ви благодарам што придонесовте да бидам личност каква што сум: со силна волја и страсна. Вие двајцата сте сила на која можам да сметам. Ги обожавам вашата добрина, страст и сочувство. Ме научивте како да сакам, како да се борам и како да верувам во себе. Да имав други родители, немаше да бидам она што сум денес.

Сигурен сум дека сте свесни дека ве сакам и дека ве почитувам како родители. Но, сакам да знаете колку многу ве почитувам и ве ценам како луѓе, како граѓани на светот. Вие сте луѓето што ги имитирам најмногу, моите духовни водачи и херои.

Ми недостигате

Понекогаш ме боли и ме растажува разделбата. Фактот дека живееме далеку едни од други не ја намалува љубовта кон вас. Постојано ми недостига мојот дом и понекогаш размислувам како би изгледал мојот живот ако живеам поблиску до него. Ми недостигате, но исто така разбирам дека сакате да ги следам моите соништа и да  управувам со мојот живот.

Имам лоши соништа дека ќе ве изгубам

Свесен сум дека треба да се соочам со реалноста. Јасно ми е дека треба да разберам дека вие нема да бидете таму засекогаш и дека еден ден ќе треба да го започнам животот без вас. Кога ќе ве нема двајцата, верувам дека детето што го израснавте ќе биде доволно силно за да продолжи понатаму. Знам дека никогаш повеќе нема да бидам истата личност и многу ми е важно да го знаете тоа.

Нема да биде збогум, само ќе се видиме подоцна

И кога ќе ве нема, секогаш ќе бидете со мене. Често треба да се потсетувам на тоа. Можеби нема да бидете физички присутни, но ќе продолжите да живеете во моето срце. Секогаш ќе се сеќавам на најмалите работи и ќе имам дел од вас со мене. Тоа ќе биде мала утеха затоа што и во оној момент кога ги губиме саканите, тие никогаш не заминуваат навистина.

error: Content is protected !!