Јамајканскиот натпреварувач Хенсл Пергмент ја пронајде и и се заблагодари на волонтерот од Токио 2020 која платила за неговото такси до Олимпискиот стадион, каде што потоа освоил златен медал.
Пергамент ја раскажа приказната во видеото објавено на социјалните мрежи минатиот викенд, кое заврши со средба со волонтерката, која ја нарече Тијана. Тој и се заблагодари, и го покажа златниот медал, и даде олимписки дрес на Јамајка и и ги врати парите што ги позајми.
„Вие бевте заслужна за да стигнам до финалето тој ден“, и рече тој пред да се фотографираат.
„Ние сакаме да возвратиме на добрината што ја покажуваат кон нашите натпреварувачи“, рече министерот за туризам на Јамајка, Едмунд Бартлет, за Сандеј Глинер.
At the Olympics, Jamaican hurdler @ParchmentHansle accidentally showed up to the wrong venue for his race.
A young woman gave him taxi money to get to the right stadium.
He won gold.
Then, he tracked down the woman to say thank you.
It's beautiful.pic.twitter.com/rbuOX7eHm2
— Goodable (@Goodable) August 11, 2021
Пергамент се плашеше дека ќе го пропушти финалето на 110 метри со пречки минатиот четврток кога се качил во погршен превоз, и како што кажува, завршил во едно од местата за водени спортови. Сите официјални таксиња на Токио 2020 беа резервирани како и автобусите кои ги враќаа спортистите во олимпиското село, а доколку тој не стиглен на стадионот сигурно некој друг ќе го освоел финалето.
„Што и да правев, немаше да стигнам таму на време дури и да се загреам. Морав да најдам друг начин. Се обидував да влезам во еднен од брендираните автомобили за Игрите, но овие луѓе се многу строги и се придржуваат кон правилата“, рече тој. на видеото објавено на социјалните медиуми.
Тогаш ја видел Тијана. „Го видов овој волонтер и морав да молам, бидејќи секако дека не и е дозволено да прави многу, и таа всушност ми даде пари за да земам едно од обичните такси возилата. И на тој начин успеав да стигнам на загревање на време и имав доволно време да се натпреварувам “, рече пергамент.
Пергамент освои бронза на Олимпијадата во 2012 година, но ги пропушти Игрите во 2016 година поради повреда. 31-годишниот играч заврши само на третото место во јамајканските обиди за злато во Токио.