ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Артур Шопенхауер за убавината и суштината на едноставноста!

Артур Шопенхауер за убавината и суштината на едноставноста!

Во филозофијата на Артур Шопенхауер, волјата како двигател на се, се наоѓа во основата на светот и претставува негова суштина.

Од неа произлегува секоја свесна и нсвесна активност, секое чуство и психолошки процес па затоа основниот проблем на метафизиката гласи:

Како е можно некој предмет да ни се бендисува и во нас да предизвикува сочувствуање на убавото, а да нема однос спрема нашата волја?

Волјата може да се свати како цел или копнеж па ова прашање може да се формулира и на некој друг начин: зошто нешто само по себе би предизвикало чуство на пријатно ако за тоа не покрива некаква цел?

Во убавите уметности важи принципот ex nihilio nihil fit – ништо не произлегува од ништо. Ова значи дека вистинските уметници примерите за своите дела ги пронаоѓаат во реалниот живот, што незначи дека неможат да ги менуваат, надоградуваат и прилагодуваат, а важно е само суштината да остане иста.

Според решението на Артур Шопенхауер за проблемот на естетиката како убаво го толкуваме она каде што го наоѓаме суштинскиот проблем на природата односно на Платоновата идеја.

Услов на ова сваќање е процесот на сознание да се одвива независно од волјата.

Со оглед на тоа секоја болка и мака на човековиот живот произлегува од копнежот и желбите кои неможат да бидат остварени, со остранување на волјата се отстранува и можноста за страдање иако така на човекот станува единствено пријатност.

Некои ќе забележат дека освен тоа се отстранува и можноста за пријатност, а Шопенхауер потсетува дека болката како продукт на волјата е позитивен додека пријатните и убавите чуства кои се јавуваат кога волјата ќе се отстрани од свеста претставуваат негова негација.

Покрај се, заклучуваме дека ваквото сознание без учесници на волјата мора да биде интуитивно. Како и анализирањето на уметничкото дело на ист овој начин мора да се одигра и неговото создавање.

Генијалците кои се способни да го отфрлат својот индивидуален карактер и намерите, промислено го анализираат светот и благодарејќи на својата објективност го зебележуваат она што другите не го видат. Затоа и сите добри уметници се способни на своите дела како и во песните така и на сликите преку поедичното го прикажат општото.

Ваквиот објективен карактер на естетското согледување на идејата се добива кога стварта ја анализираме во целина а не преку поединечни облици на искажување.

Спротивност помеѓу науката и уметноста

Спротивноста помеѓу науката од една и поетиката и ликовната уметност од друга страна лежи во: науката додека насојува поединечните ствари да ни ги прикаже така што ќе одреди она што го прикажува целиот вид, уметноста пак е насочена на најситни детали и така преку нив ќе ја прикаже идејата на кој вид припаѓа.

Прикажувајќи на начин и на единствен начин една сцена од човековито живот заедно со индивидуалните ликови кои во неа учестуваат, уметникот ќе не доведе до длабок увид во идејата на човештвото со оглед дека ќе ни го прикаже архетипот на човековото однесување во секое второ слично случување.

Комбинирајќи ја Платоновата теорија за идеите како пример без било какво материјално и Аристотеловата идеја за формата како остварување на материјата, Шопенхауер доаѓа до заклучок дека сликата е блиска до идејата од реалните ствари бидејќи ни дава чиста форма.

Што повеќе е едноставно уметничкото дело толку појасно ја прикажува суштинската идеја, покрај што можеме да заклучиме дека убавината лежи во едноставноста.

И покрај тоа што убавото почива на сличноста со природата, таа сличност сепак не треба да биде директна. Тоа значи дека за нејзиното остварување не е неопходно појавување на школки или цветни мотиви на уметничките дела. Наместо да се наоѓа во форма, сличноста треба да биде во карактерот на формата .

Ова најдобро го согледуваме во архитектурата. Како една од убавите уметности, архитектурата тежнее кон остварување на естетскиот изглед на градбите.

Архитектонските творби за разлика од сликарството имаа и практична намена, па покрај убавото изгледа мораат да остварат и одредена цел. Тие се изградени така да, покрај природа секој дел одговара на одредена цел и недвосмислено на него укажува.

Од таа причина фокусот се става на едноставноста во уметноста, а чија амплитуда според Артур Шопенхауер претставува антиката. Античките дела после толку време и понатаму засенуваат со своја простодушност, што се согледува во воедначените градби со нивните цели или пак статуите каде што се сите детали па и облеката се сведени на минимум за може проверено и поедноставно да се прикаже нивната суштина.

Артур Шопенхауер со извесна горчина зборува за опера, сметајќи ја неоправдано преценета со музички облик: Музиката претставува вистински општ јазик кој насекаде се разбира. Сепак таа не зборува за стварите туку за среќата и патењето како она што за волјата претставува единствена стварност.

Поради тоа музиката така многу зборува за срцето додека непосредно за главата нема што да каже: поради тоа секое спротивно очекување претставува нејзино злоупотребување, како што е општата музика.

Големата опера не е резултат на чистата уметничка смисла, туку е производ на варварското сфаќање, според кое естетоското уживање се зголемува преку собирање на средства.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!