ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Астро прогноза: Како да ја запознаете вашата сродна душа ?

Дали активно сте во потрага на вашата сродна душа? Еве како, според вашиот хороскоп да ги зголемите своите шанси за успех во потрагата.

Овен

Многу полесно ќе ја пронајдете вашата сродна душа само доколку активно сте ангажирани на љубовен план. На тренинг или во теретана, на планинарење или на службено патување, со организирање и спроведување на хуманитеарни акции, посета на кино и слично може да придонесе во вашата потрага бидејќи на различни места ќе запознаете многу луѓе. Вклучете се во повеќе општествени настани или пак подобро вие станете организатор или дел од организаторскиот тим.

Бик

Тргнете во шопинг со било кого. Вие уживајте во купувањето, независно дали станува збор за набавка на храна или облека од бутик, трговски центар или продавница за здрава храна и слично. Прашајте за совет, поделете искуства и мислење за производите кои ги купувате. Одењето во шопинг е навистина креативно за овој хороскопски знак па така и многу полесно ќе дојде до својот партнер бидејќи во продавниците концентрацијата на луѓето е секогаш голема.

Близнаци

Вие сте навистина неодлучни за да можете да изберете некој преку апликација за запознавање и некако немате среќа или пак првиот впечаток секогаш ќе ве изневери па затоа и вашата сродна душа ќе ја запознаете преку препорака. Прашајте ги вашите пријатели дали некого би препорачале или пак да ве запознаат со некој, односно не бегајте од нивните предлози и аранжмани.

Рак

Најлесно ќе ја запознаете сродната душа во некои семејни ситуации, на прослави или пак на свадби. Присуствувајте на сите семејни собири, присуствувајте на свадби на вашите роднини и пријатели и пуштете ја вашата енергија на привлекување и семејните вредности за да го привлечете оној вистински партнер.

Лав

Вие лесно можете да препознаете адекватен партнер преку социјални мрежи или пак апликација за запознавање. Одлучни сте, знаете што сакате и немате никаков проблем за да ги отфрлите оние кои не ги исполнуваат вашите критериуми. Можеби е потребно повеќе пати да се состанете со повеќе личности, за да процените која е вистинската од нив.

Девица

Вие сте вредни и посветени, но својата сродна душа нема да ја најдете во канцеларија или по некое професионално ангажирање бидејќи во потполност се фокусирани на она што го работите и одговорноста не ви дозволува да се опуштите. Но затоа ќе се сретнете кога ќе излезете со пријателите и уживајте во она што ве релаксира и ви помага да го пренасочите стресот.

Вага

Вашите интереси се специфични и веројатно дека можете вашата сродна душа да ја најдете на некоја видување кое поврзано со вашата професија или хоби. Концерт на вашиот омилен бенд, изложба на трудови во одредена уметничка област, книжевна работилница и слично ќе ви помогнат за да запознаете нова личност која можеби ќе стане вистинската за вас. Таа личност ќе ја препознаете по ентузијазмот, расположеноста и карактерните особини.

Скорпија

Вашата страст ќе ја привлече вашата сродна душа преку некоја активност со која во потполност ќе се ослободите и фокусирате. Значи, занимавајте се со она што најмногу го сакате. Додека сте насочени кон некоја активност ќе ве препознае некој кој нема да може да одоли на вашата страствена посветеност.

Стрелец

Ќе ја запознаете вашата сродна душа со вашиот авантуристички потфат без оглед на тоа за каква авантура се работи. Без оглед на тоа за какваавантура станува збор или пак за некоја истражувачка работа или патување – ќе сретнете некој кој исто така е истражувач и за кратко време ќе станете блиски.

Јарец

Вашата сродна душа е најверојатно во вашето најблиску опкружување – помеѓу колегите со кои редовно одите на пијалок по работното време, во друштвото со кое посетувате концерти, излети и слично. Тоа е личноста која исто така е посветена на кариерата како и вие, вредно работи и го цени друштвото и нормално сличните на себе.

Водолија

Вашата сродна душа ќе дојде набргу. Додека го работите она што навистина го сакате, читате, пишувате, свирите или пак истражувате и продлабочувајќи ги своите чуства и интереси ќе се појави некој кој ќе се конектира директно со вас на таа фреквенција.

Риби

Креативните и уметнички настроени риби ќе ја сретнат својата сродна душа на некои уметнички случувања и собирања. Заминете на концерти, претстави, изложби и кога ќе се најдете во разговор за размена на впечатоци со некој кој тоа ќе го доживува длабоко како и вие, лесно ќе се препознаете.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!