Банана за појадок е најлошиот избор. Еве зошто

Слични

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете. Водич за...

Најмоќниот чистач за организмот

Најмоќниот чистач за организмот. Традиционален рецепт за напиток кој ќе...

Дали е корисно да се пие кефир ноќе?

Дали е корисно да се пие кефир ноќе? Вистина или...

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото. Самата сол...

Туна или лосос: што е поздраво?

Туна или лосос: што е поздраво? Прашање на денот! Зошто е...

Сподели

Банана за појадок е најлошиот избор. Еве зошто

Познато е дека појадокот е најважниот оброк. Не треба да го прескокнувате. Освен тоа, важно е и што појадуваме.

Иако бананата е омилен избор за многумина бидејќи е блага, хранлива и одлично оди како додаток на житариците и на овесните снегулки, сепак, нутриционистите сметаат дека ова жолто тропско овошје не е најдобриот избор кога е во прашање појадокот.

Тие посочуваат дека бананите не се особено добри ако се јадат сами како прв оброк бидејќи содржат дури 25 % шеќер и се вбројуваат во умерено киселата храна.

Нутриционистите советуваат да го започнете денот со појадок кој согорува маснотии, но и кој ќе ви даде доволно енергија и по кој ќе бидете сити до следниот оброк. Бананите навистина даваат енергија, но на краток рок бидејќи повторно ќе се чувствувате уморни и гладни. Тие се подобар избор за ужина, отколку за оброк бидејќи сами по себе не се доволни за да го започнете денот со енергија.

Бананите спаѓаат во групата на кисели намирници, објаснуваат нутриционистите, а таа киселина треба да се неутрализира за да се извлече најдоброто од нив (калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер, кој создава енергија само на кус рок).

Тие советуваат да се комбинираат бананите со храна полна со здрави масти како што се авокадото или зачините.

error: Content is protected !!