Бел ролат, создаден за уживање ! Вкусна закуска која вреди да ја пробате.
Состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша брашно
- 1/2 прашок за пециво
- сол по вкус
Фил:
- сирење 200 гр
- 100 гр Томи мајонез
- 100 гр шунка
- 4-5 кисели краставички
- 1 варен морков
Прелив:
100 гр Томи мајонез
100 гр сирење
Како да се подготви?
Одделете ги жолчките од белките, а потоа изматете ги жолчките со јогурт, брашно, прашок за пециво и малку сол.
Потоа одделно изматете ги белките и комбинирајте ги со претходната смеса.
Печете во тава, па завиткајте го испечениот ролат во влажна крпа и кога ќе се олади, наполнете го.
За полнење, измешајте мајонез и сирење, сецкани шунка и краставици. Премачкајте ја кората со фил и формирајте ролат. Послужете со салата по желба.