Постојат бои кои во ниеден случај не се препорачуваат да бидат ставени во кујната, тоалетот или пак во спалната соба, а посебно ако го уредуваме домот според фенг шуи.
Тоалет
Во тоалетот би требало да владее елементот на водата. Па според тоа во уредување на тоалетот не користете црвена боја од причина што таа боја не соодветствува со водата. Се препорачува сина боја или пак боите кои соодвествуваат со страните на светот, односно на која страна е свртен тоалетот или пак боја која на некој начин лечи и делува смирувачки ако тоалетот се наоѓа на север.
Кујна
За кујната најдобри се жолтата и зелената боја. Жолтата е елемент на земјата која дава храна а зелената е боја која симболизира богатство. Може да се употреби црвената, бидејќи асоцира на огнот на кој готвите иако во кујната има и вода па треба да се соединат и на некој начин да се смират тие два елементи и затоа се додава зелена боја.
Модерните кујни често се од дрво и во природни бои на дрвото што не шири негативна енергија бидејќи дрвото го редуцира конфликтот помеѓу водата и огнот а истовремено го зајакнува огнот.Во кујната треба да избегнуваме да употребуваме сина боја. На прв поглед сината боја потсетува на Медитеранот но не одалечува од готвењето. Исто така кујните во бела боја на прв поглед изгледаат чисти но од друга страна се стерилни и не даваат чуство на жива природа.
Дневна соба
Во оваа просторија се добредојдени многу бои но жолтата е посебно добра бидејќи создава чуство на заедништво, поттикнува разговор и комуникација. Во дневната соба посебно треба да се следат боите кои ни одговараат на нашата личност и темперамент и доколку во тој избор имаме силна боја тогаш таа боја треба да ја поставиме на соодветна страна од светот.
Спална соба
Во оваа просторија одговара сината боја бидејќи стимулира опуштање, смирување и сон. Сепак тоа не значи дека прекумерното употребување на сина боја во спалната боја ќе делува смирувачки па од таа причина оваа боја не треба да ја форсираме.