Брз колач од цреши за ненајавени гости кој не се пече (РЕЦЕПТ).
За оваа задоволство, треба да имате во кујната цреши и бисквити.
Состојки:
- 400 гр бисквит
- 1/2 кг шлаг
- 100 гр шеќер во прав
- 4 кисели павлаки
- 600 гр цреши
- 300 мл сок од портокал
- 1/2 л минерална вода
Подготовка:
Шлаг и шеќер во прав убаво изматете ги со ладна минерална вода. Потоа додадете павлака и лесно измешајте со лажица. Бисквитите натопете ги од дното во сокот и наредете ги врз основата на тортата, па премачкајте со фил и над него ставете половина од добро исцедените цреши. Потоа наредете уште еден ред бисквити натопени во сок, потоа филот, па остатокот од вишните и завршете со филот.
Уживајте!