БРЗ ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТ: Цртеж открива каква личност сте.
Омилените бои и симболи што ги цртате го откриваат вашиот карактер.
Изберете ја омилената боја и нацртајте што прво ќе ви падне на ум. Потоа пронајдете ги старите цртежи и споредете ги бидејќи за анализата потребни се повеќе цртежи.
Прочитајте ги резултатите подолу.
Бои
Кога жолтите тонови доминираат во цртежите, тоа значи дека лицето е од весела природа. Тоa не само што е исклучително топол и пријатен, туку е и интелигентен.
Розовата нијанса е симбол на потребата за љубов, внимание и почит.
Црвената боја е првиот избор на нетрпелив и авантуристички човек кој би сакал да проба сè одеднаш.
Зелените тонови ќе ги избере човек кој ја сака природата, но има и нагласена уметничка линија. Слободата е негова силна потреба.
Каде што преовладуваат сините нијанси, постои комуникативна, нежна и избалансирана личност.
Виолетовата боја е одраз на рационален, но и тежок карактер. Предава студена личност која често се чувствува несигурна во животот.
Симболи
Семејството на цртежот е добар показател за емоционално задоволство, блискост во семејството и здрава врска, па затоа е важно дали лицата се насмеани, тажни или лути, дали некој од членовите недостасува на хартија…
Куќа која ги има сите делови на цртежот, симболизира чувство на сигурност и безбедност, додека деловите што недостасуваат може да покажат дека нешто многу недостасува.
Сонцето укажува на радост или потреба за насмевка, а ако е нацртано зад облак, тоа може да значи дека лицето е осамено и сака да поминува повеќе време со луѓе.
Ако некое лице постојано црта мачки, тоа значи дека е приврзан по природа и се стреми да биде разгален и згрижен.
Кучето посочува дека е лојална личност, добар и лојален пријател, партнер и колега.
Опасните животни, како и чудовиштата и нејасните живи суштества на цртежот, откриваат дека човекот има одредени стравови.
Облици
Тенки, испрекинати линии привлекуваат интровертни и несигурни луѓе, додека самоуверените секогаш цртаат целосни, прави линии.
Круговите означуваат чувство на празнина, иако понекогаш тоа е и израз на сонувач.
Триаголникот обично открива дека имате некои сомнежи, нерешени ситуации со пријателите или семејството, ве мачат чувства на вознемиреност или љубомора.
Премногу стрели на еден цртеж означуваат лутина или незадоволство.