Чиста куќа и со домашно милениче. Како да го постигнете тоа?

Слични

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се жали?

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се...

Како и кога бебето почнува да го препознава своето име?

Како и кога бебето почнува да го препознава своето...

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето куче

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето...

Сподели

Чиста куќа и со домашно милениче. Како да го постигнете тоа?

Домашните миленици се навистина прекрасно друштво и за луѓето кои живеат сами и за поголемите семејства.

Домашните миленици понекогаш навистина знаат да шират непријатни мириси, но и да бидат носители на паразити и на болви. Косата, урината, изметот и сета друга нечистотија што доаѓа со чувањето домашно милениче, нè доведува до тешка задача да го одржуваме нашиот дом во совршен ред.

За да ви ја олесниме оваа задача ви откриваме некои лесни чекори кои ве делат од совршено чист дом, иако во него живеат домашни миленици.

Грижете се за крзното на вашето домашно милениче

Без разлика дали имате куче, маче или зајак во вашиот дом, сигурно често ги забележувате нивните влакна. Дури и со раси кои многу малку пропаѓаат, ве чека работа како што е четкањето. Редовното четкање ќе спречи прекумерно опаѓање на косата и ќе му помогне на вашето домашно милениче да има сјајна и мека коса.

Многу е важно да имате при рака и моќна правосмукалка за ефикасно отстранување на влакната од теписите и од мебелот. Освен правосмукалките, добро ќе ви дојдат и некои помали производи за отстранување на влакна, како што се, на пример, гумени четки и ролки, Тие, исто така, може да ја уредат вашата гардероба.

Редовно чистете го местото каде што миленичето седи и спие

Без оглед на тоа дали станува збор за перница на која спие вашата мачка, ќебе што вашето куче го обожава, кафез за птици или терариум за хрчаци, важно е да ги одржувате овие работи и места чисти. Валканите кафези можат да шират многу непријатни мириси, а насобраните бактерии се непријател број еден во однос на здравјето на вашето домашно милениче.

Ако имате мачка која користи кутија за отпадоци, треба да ја чистите кутијата секој ден. Оцетот е ваш најдобар пријател во овој случај бидејќи со него може да се раствори насобраната урина. Исто така, ако имате аквариум со риби, треба да обрнете внимание и на него. Сите играчки со кои си игра вашето милениче (маче или куче), треба да се исперат или да се дезинфицираат еднаш неделно.

Освежувајте го воздухот

Ако имате домашно милениче и ако сакате вашиот дом да мириса убаво, се препорачува да користите освежувачи за воздух. Изберете производ кој е безбеден за вашето домашно милениче и користете го умерено. Можете да пробате и некои домашни производи како на пример кора од портокал или лимон помешана со оцет. Средствата со етерични масла се особено популарни бидејќи внесуваат свежина и убави мириси во вашиот дом на природен начин.

error: Content is protected !!