Чоколаден мус со малини, вашиот нов омилен десерт!
Десерт број еден ова лето!
Состојки
- 250 мл павлака за готвење
- 150 гр темно чоколадо
- 50 гр млечно чоколадо
- 3 јајца
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици шеќер во прав
- малини по желба
Како да се подготви
Загрејте ја павлаката во тава. Додадете го исецканото чоколадо, двата вида и оставете го да се стопи.
Одделете ги жолчките од белките. Ставете ги белките во голем сад, додадете шеќер и добро изматете со миксер.
Истурете една лажица шеќер во прав и промешајте повторно.
Додадете уште една лажица шеќер во прав и мешајте додека не добиете цврста смеса. Додадете ги жолчките во павлаката и чоколадото и мешајте додека смесата не стане мазна и хомогена.
Додадете ја чоколадната смеса 2-3 пати во белките, цело време мешајќи со латица. Ставете ја смесата во стаклени чаши.
Оставете ги чашите во фрижидер околу еден час или во замрзнувач 15 минути. Украсете со мус од малина.
Уживајте!