Иако чистиот воздух е здрав за нашата благосостојба многу ретко размислуваме за квалитетот на самиот воздух кој го вдишуваме.
Факт е дека квалитето на воздухот во затворениот простор може многу да биде низок од квалитето на воздухот на отворен простор. Бактерии, вируси, алергени, непријатен мирис, ситни честички на прашниа, кои лебдат во воздухот и кои на прв поглед не ги забележувате, можат да имаат трајно влијание на животниот стил и здравјето ако не го филтрираме воздухот.
Квалитетот на воздухот во затворениот простор го одредуваат многу фактори. Иако многу од нас се грижат за температурата на воздухот, постојат многу други фактори кои исто така влијаат на квалитетот на воздухот а со тоа и на здравјето а тоа се самата влажност на воздухот, концентрацијата на бактериите, алергените и останатите загадувачи.
Доаѓање на зимата и почетокот на сезоната на греење донесува со себе проблеми на сув воздух. Сувиот воздух во станот или другиот затворен животен простор ја суши слузокожата и усната празнина и потикнува развој на вируси. Во време кога распираторните инфекции се најзастапени тоа е последно што ви треба нели ?
Од друга страна со првите знаци на топлото време започнува и сезоната на алергии која се јавува кај 20-25 проценти од светската популација. Кашлање, течење на носот, црвенило на очите, умор, несоница. Ако и вие имате проблем со алергија тогаш овие симптоми ви се познати.
Една од најзастапените е алергијата предизвикана од полен. Можеби делува разочарувачки но сепак оваа алергија е неизлечива и симптомите често знаат да идат нрепријатни. Едно од решенијата за ваков проблем според некои луѓе е престојување во проветрени простории но незнаејќи дека на тој начин само ќе ја зголемат концентрацијата на алергените во својот дом.
Па од таа причина ви препорачуваме да користите прочистувачи за воздух кои на ефикасен начин би ги елиминирале и најситните загадувачи на воздухот и ќе ги отстранат 99 проценти од честичките. Прочистувачите на воздух не треба да ги гледаме како потрошувачи на електрична енергија туку еден вид на домашни лекари.