Чоколадна торта со кикирики (рецепт)

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Чоколадна торта со кикирики (рецепт)

Оваа торта ќе ја обожавате бидејќи се прави брзо и има одличен вкус. Желбата за чоколадо не престанува, а некои дами мислат дека таа се зголемува, особено кога се под стрес. Ако не можете да им одолеете на чоколадните колачи, на класичното чоколадо и на сите други колачи со прелив од какао, тогаш се наоѓате на вистинското место. Ви предлагаме рецепт за вкусна и ултрабрза чоколадна торта од чоколадо и кикирики. Можете да ја послужите во комбинација со филџан кафе, па да се опуштите и да ги одморите мислите.

Идеален е за топлите денови бидејќи не бара премногу време и труд, а сигурно ќе ви се допадне вам и на вашите гости. Сите ќе го побараат вашиот рецепт.

Дали ви се допаѓа чоколадото?

Чоколадото ги стимулира хормоните на среќа. По неговата употреба чувствувате помалку стрес и со насмевка ги извршувате деловните и приватните задачи. Постојат и диети кои вклучуваат чоколадо (умерено) за да се задоволи потребата од колачи. Самото какао содржи голема количина на железо и може да влијае да се подобри крвната слика во комбинација со друга здрава храна.

А покрај чоколадо, овој вкусен десерт вклучува и путер од кикирики, омилен и познат насекаде во светот. Со овој рецепт ќе ги освоите и децата и возрасните.

Состојки:

  • 4 чаши путер од кикирики,
  • 6 лажици путер,
  • 3 чаши шеќер во прав,
  • 1 лажичка сол
  • 2лажици екстракт од ванила,
  • 800 гр темно чоколадо,
  • 2 лажици кокосово масло,
  • 100 гр сечкани кикирики.

torta-slatko-recept

Начин на подготовка

Садот во кој планирате да го подготвите колачот намачкајте го со кокосово масло. Потоа тргнете го настрана и почнете да го правите филот.

Во сад со средна големина растопете го путерот и измешајте го со путерот од кикирики и сечканите кикирики. Потоа додадете екстракт од ванила, шеќер во прав и сол. Мешајте ја смесата на тивок оган сè додека не се добие кремаста смеса.

Потребен ви е уште еден сад во кој ќе го искршите чоколадото на коцки, ќе го  измешате со кокосовото масло и потоа ќе изматите на тивок оган. Потребни се неколку минути за да може чоколадото убаво да се стопи. Мешајте го со дрвено сукало и уживајте во примамливиот мирис.

Кога другиот дел од смесата ќе биде готов, половината префрлете ја во подготвениот калап за колачиња за да падне на дното рамномерно. Ве советуваме прво да ја ставите хартијата за печење во садот за да не се залепи чоколадото. Потоа ставете го калапот во фрижидер и оставете да стои таму десетина минути. Подоцна премачкајте со последниот слој чоколадо.

Колачот се прави многу брзо, но потребно е време и за да се излади. Ви гарантираме дека ќе уживате во ова слатко задоволство и во неговиот вкус.

Уживајте!

error: Content is protected !!