Крцкави однадвор, меки и сочни одвнатре! Многу вкусни, многу чоколадни!
Состојки:
-3 белки
-65 гр какао во прав
-½ кафени лажички цимет
-¼ лажички сол
-1 лажичка екстракт од ванила
-150 гр капки чоколадо
-360 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки: шеќер во прав, какао, сол и цимет.
Додадете белки и екстракт од ванила, а потоа измешајте со жица за матење додека не добиете мазна смеса. Не удирајте, само мешајте!
Додадете ги капките чоколадо. Промешајте.
Ставете на хартија за печење на лажичка тесто, на растојание од 2-3 см. Печете 15 минути на 180 ° С.
Бисквитите се распаѓаат додека се топли, па оставете ги да се изладат целосно пред да ги послужите.