Чудни навики на кралицата Елизабета II. Никогаш не го јаде ова бидејќи мисли дека не е добро за нејзината диета.
Многумина од нас имаат различни навики кои другите ги сметаат за сосем необични. Ова важи и за членовите на кралското семејство.
Кралицата Елизабета Втора, која за малку ќе го прославеше својот 95. роденден, сигурно не е исклучок, па нејзиното секојдневје е полно со чудни навики, пишува Глоси.
Таа никогаш не патува без да ја „спакува“ својата крв
Тим лекари кои се задолжени да се грижат за нејзиното здравје секогаш одат на патувања заедно со неа.
Покрај тоа, тие се обврзани да знаат кои се најблиските болници во градовите што ги посетуваат во секое време и секогаш носат голема медицинска торба со мобилен дефибрилатор, како и други инструменти и уреди за итна медицинска помош. Покрај тоа, лекарите секогаш го носат со себе „пакетот крв“ на кралицата, во случај итно да ѝ е потребна трансфузија.
Забрането е отворање прозорци во палатата
Се разбира, ова не важи за сите прозорци, туку за оние што се наоѓаат пред Бакингемската палата. Поентата е дека палатата изгледа совршено во секое време, а отворените прозорци може да го уништат нејзиниот изглед.
Кралицата не поднесува коцки мраз
Една сосем необична навика се однесува на обликот на мразот што се наоѓа во чашата на кралицата. Имено, кралицата не го толерира звукот произведен од коцки мраз и смета дека оној што звук што го прават топчињата мраз е многу попријатен.
Поради тоа, наводно, била произведена специјална машина која произведува мраз токму во таа форма.
Во нејзината торба секогаш има необичен предмет
Додека повеќето дами носат огледало, шминка и пари во чантата, кралицата Елизабета никогаш не излегува од дома без еден посебен предмет. Станува збор за специјално дизајниран држач за торби кој наликува на кука и на кој кесата може лесно и брзо да се закачи. Тој секогаш мора да се наоѓа во нејзината чанта.
Во кралското семејство има тајни пораки што се испраќаат со чанти. Кралицата избегнува да испраќа лажни пораки бидејќи, на пример, ставањето на торбата на подот значи дека сака да го напушти собирот на кој присуствува. На овој начин никогаш нема да има забуна, а решението за оставање на работите е многу практично и едноставно.
Не сака да гледа брада и машнички кај мажите
Иако повеќето жени сметаат дека овие детали се навистина потребни за еден маж, кралицата Елизабета на нив гледа како на многу иритирачки. Затоа, мажите во нејзината околина мора секогаш да бидат свежо избричени. Единствениот исклучок е нејзиниот внук, принцот Хари, на кого се обидела да влијае, но безуспешно.
Секоја нејзина комбинација на облека има свој реден број
Секоја комбинација што ја носи кралицата Елизабета има свој единствен број. Тоа укажува на пригодата за која била облечена. Бидејќи кралицата сака светли бои и класичен стил на облекување, комбинациите можат лесно да се измешаат. За неа е особено важно да внимава да не се појавува двапати по ред на настан во иста облека, па дури и во иста боја.
Таа никогаш не јаде супа, ниту компири
Се разбира, овие јадења се на менито во Бакингемската палата, но тие никогаш нема да се сервираат ако е присутна само кралицата. Вработените во палатата никогаш нема да се осмелат да ѝ понудат супа на кралицата. Истото се однесува и на компирите. Како што велат тие, не е дека не ѝ се допаѓаат, туку мисли дека тие не се добри за нејзината исхрана.
Таа сака малини, но никогаш не ги јаде во јавност
Малините се омиленото овошје на кралицата, но никогаш нема да ја видите да ги јаде во јавност. Поради бројните семиња, тие лесно можат да се заглават меѓу забите, а тоа би било сосема неприфатливо за кралицата. Поради тоа, капините се строго забранети во палатата, додека краставиците и доматите мора да бидат темелно исчистени од семињата пред сервирање.
Чудна навика: нејзините нови чевли секогаш мора да бидат добро ставени на нозете
Иако со години, секогаш одлучувала за ист модел, од ист бренд, кралицата не сака да ја почувствува непријатноста од сосема нови крути чевли. Пред да ги стави таа нејзините први чевли, тие треба бидат добро разгазени од слугинката која носи чевли со ист број.