Дац, Александар и Нино повторно пеат за убавината на „Бабино девојче“!

Слични

Копија од Мона Лиза на аукција за 300 илјади евра

Копија од Мона Лиза на аукција за 300 илјади...

„Од 400 актери, го избрав него“: Како Божидар Николиќ го откри Бред Пит

„Од 400 актери, го избрав него“: Како Божидар Николиќ...

Дали знаете која книга беше прв БЕСТЕСЛЕР, а не e Библија?

Дали знаете која книга беше прв БЕСТЕСЛЕР, а не...

Најубавите љубовни филмови снимени во Париз

Најубавите љубовни филмови снимени во Париз. Главниот град на Франција,...

Сподели

Чест ни е да Ви го претставиме најновато остварување на Дац и
Александар но овој пат заедно со кумановскиот мајстор на староградската музика,
Нино Величковски.

Трите мускетари повторно ја отворија евергрин темата за кумановското
„Бабино девојче“, инаку маестрално дело на покојниот Миодраг Божиновски
– Миќо, кој несомнено остави длабоки траги во музичкото и културно
наследство на Македонија и во чија чест ова трио ја препејува.

Александар и Дац како дуо досега објавија неколку обработки на песни кои
се чини дека подеднакво ја доживееја својата слава на овие простори како и
оригиналните изведби од далечното минато.

Видео материјалот претставува микс од патешествието на Дац и Александар
од главниот град кон Куманово, што дава посебна тежина и почит кон
доајенот на македонската музика – Нино Величковски, но и кон градот кој
низ историјата дал многу музички дејци.

Низ видеото, постојано се мешаат секвенци, од стари албуми и
подизбледени фотографии како сеќавања за едно минато време и
безвременските љубовни песни.

Приказната за „Бабино девојче“ ја потврдува и раскажува и самиот Нино
Величковски, шетајќи се низ плоштадот и мераклиски пеејќи ги стиховите на
Миќо, за да на крајот на спотот како вистински домаќин – кумановец,
гостите од Скопје ги носи во стара меана каде во вистински етно амбиент и
трпеза што потсетува на времињата од песната наздравуваат за девојчињата
но и за бабите.

За да дознаете како изгледа целиот пакет од емоции, песна и вино
погледнете во видеото подолу.

error: Content is protected !!