Дадете му на организмот природна замена за шеќер.
Од досегашната употреба може да се потврди дека еритритолот претставува природна замена за шеќерот а најмногу го користат дијабетичари.
Еритритол буквално претставува алтернатива за шеќер.
Тој е шеќерен алкохол со занемарлива калориска вредност. Еритритолот е откриен од страна на шкотскиот хемичар Џон Стенхаус во далечната 1848 година. Во текот на деведесетите години на дваесетиот век во Јапонија започнува неговата комерцијална употреба. Овој шеќерен алкохол е природно присутен во овошјето.
Еритритолот има вкус на најзлични дектрози, а има нешто помала слаткост од обичниот рафиниран шеќер. Тој е со бела боја, со зрнаст облик како што е и обичниот шеќер. Од 1990 година еритритолот се употребува како засладувач во храната и пијалоците и одобрен е за употреба од страна на државните регулаторни агенции во повеќе од 60 земји.
Во телото голем дел од еритролот се апсорбира во крвотокот на тенкото црево, а максималните количини за помалку од 2 часа. Голем дел од внесениот еритритол се излачува со урината во пеирод од 24 часа.
Од досегашната комерцијална употреба може да се каже дека еритритолот е безбеден засладувач, а најмногу го користат дијабетичари.
Во мали дози не предизвикува лаксатифни ефекти, гасови или било какви проблеми како што често се случува со конзумирање на други шеќерни алкохоли.
Додека се раствора во вода дава ефект на ладење како што е на пример декстрозата или нането. Овoј ефект на ладење го имаат и други алкохолни шеќери како што е на пример ксилитолот но сепак еритритолот е посилен.