Дали е добро трчањето во дождливо време?

Слични

Како „инфлуенсер“ стана грд збор?

Како „инфлуенсер“ стана грд збор? Ако го отворите делот за...

6 токсични особини на емоционално незрели личности

6 токсични особини на емоционално незрели личности. Шокантно е колку...

Сподели

Дали е добро трчањето во дождливо време?

Постојат два типа луѓе: оние кои сакаат да трчаат и оние кои повеќе би сакале друга форма на вежбање.

Оние кои, сепак, се обидоа да трчаат на дожд, се декларираат како луди навивачи. Дали вреди да се проба и, ако е така, на што треба да внимаваме?

Зошто е подобро да трчате надвор?

Да почнеме со основното… Зошто да трчате надвор, а не на некаква направа за вежбање во вашиот дом или во теретана?

Истражувањата покажуваат дека вашиот крвен притисок може да се врати во нормала многу побрзо по трчање надвор отколку по трчање по лента. Истото истражување покажа дека трчањето во природа може да ги намали стресот, лутината и депресијата.

Трчањето на отворено може да ни помогне да развиеме подобар однос со природата и може да послужи како поттик за вежбање надвор од домот.

Направена е една мала студија на 68 натпреварувачи на долги патеки и на група од 40 луѓе кои трчаат по лента за трчање во однос на нивниот метаболизмот. Се констатира дека натпреварувачите на долги патеки имаат поефикасен метаболизам од луѓето кои трчаат на лента за трчање и не се забележуваат штетни ефекти врз коските.

Зошто да трчате кога врне дожд?

За некои трчањето кога врне дожд е слобода и убавина. Поинакво искуство, нешто ново и различно. Дождот, сам по себе, овозможува трчањето да биде повозбудливо. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но ако сте соодветно подготвени, ништо нема да ве спречи да уживате во ваков тренинг.

Трчање на вистинскиот терен

Подобро е да трчате на асфалт отколку по земјени патеки бидејќи ако случајно се лизнете додека трчате на асфалт, нема да паднете. Исто така, не стапнувате во езерца. Не знаете што се крие во нив.

Не трчајте ако грми 

Избегнувајте денови кога грми бидејќи гром може да го погоди вашето влажно тело.

Правилен избор на облека

Носете маица со светли нијанси или облека во светла боја со флуоресцентни детали. Добар избор се портокаловата или жолтата боја.

Топло, не суво

Дали се плашите од настинки? Поради интензивното вежбање, телото произведува доволно топлина. Но, за да избегнете хипотермија, за да го заштитите вашето тело, носете капут за дожд.

Кажете му не на памукот

Памукот ја апсорбира водата и ја зголемува тежината што ја носите. Изберете облека што не акумулира вода. Истото важи и за памучните чорапи. Ако „соберат“ вода, се собираат во патики и предизвикуваат плускавци. Носете синтетички чорапи.

Вистински хеланки

Изберете хеланки од материјал што ѝ овозможува на кожата да дише и не дозволува да навлезе ветер и дожд. Дождот бара и долна облека која не задржува вода.

Трчање без иритации

Ставете малку вазелин за да избегнете иритација на бутовите, вратот, рацете и местата каде што се трие кожата.

Топла бања по трчање во дождливо време

Кога ќе се вратите дома, почестете се со топла бања за да избегнете можни настинки.

Не сушете ги патиките на радијаторот

Отстранете ги внатрешните влошки и наполнете ги патиките со весник. Не ставајте ги на радијатори.

error: Content is protected !!