Дали ги знаете придобивките од студеното време?
Повеќето од луѓето го сакаат летото затоа што тогаш времето е топло и сончево, погодно е за одмор и патувања, плажи и пливање. Сепак, и студеното време има свои предности.
На некои луѓе им пречи студеното време затоа што не сакаат да носат многу облека или, и покрај облеката, им е студено. Но, ако погледнете на студеното време на еден поинаков начин, ќе сфатите дека постојат причини за да ви се допадне и тоа.
Калориите се топат на студ
Иако изгледа неверојатно, студот овозможува побрзо да се топат калориите. Постои темно масно ткиво, односно еден вид маснотии што се активираат природно, а потоа согоруваат бели маснотии. Имено, студот ги тера темните масти да станат активни, а потоа согоруваат голем број калории — на ист начин како што тоа го прави и тренингот.
Луѓето се зближуваат во зима
Една студија покажа дека за време на студените денови почесто и подолго разговараме по телефон со семејството и со пријателите и почесто се допишуваме. Освен тоа, зимата е време кога едвај чекаме да се гушкаме покрај саканата личност за да нè загрее.
Има помалку инсекти и болести
За време на студениот период од годината природата е во мирување. Има многу помалку инсекти кои се активни, а можат да пренесат разни болести, како на пример комарците. Ниските температури, особено кога се спуштаат под нулата, убиваат голем број вошки и крлежи.
Учиме да ги цениме светлите и топли денови
Луѓето кои постојано поминуваат време во блага клима, се навикнати на сонцето и го земаат здраво за готово. Тие воопшто не уживаат во него и не се радуваат. Многумина не се среќни кога започнуваат првите убави денови по зимата.
За време на студените денови, самата помисла на сонцето и на топлите годишни времиња (пролет и лето) нè мотивира да бидеме посреќни затоа што знаеме дека тие ќе дојдат. Ова е токму она што нè прави среќни кога доаѓа летото — денови поминати на студ во текот на зимата.
Намалување на воспалението
Секој знае дека мразот се става на раната, особено кога станува збор за исчашен зглоб или за удар на прст. На овој начин се намалува воспалението, а според теоријата, настинката може да ја намали болката секаде. Затоа, студениот период во текот на годината е погоден, особено за спортистите кои можат да ги опорават мускулите на најдобар начин. Исто така, љубителите на спа-центрите особено го очекуваат овој период. Криотерапијата, која спортистите често ја практикуваат и која е еден вид термотерапија, најдобро функционира во текот на зимата.
Изгледате подобро
Во текот на летото, а особено непосредно пред тоа, сите се воздржуваат од разни задоволства и вкусни грицки со цел да изгледаат најдобро на плажа, со што е можно помалку или без вишок килограми. Меѓутоа, во текот на зимата, никој не се грижи за тоа, барем не на тој начин и до тој степен. Се разбира, тоа не значи дека треба да јадете повеќе отколку што ви е потребно или дека не треба да ги избирате и да ги јадете сите десерти, туку едноставно, можете да се опуштите кога станува збор за исхраната.
Покрај тоа, зимата е идеално време да преминете на некоја физичка активност како што е, на пример, фитнесот. Во секој случај, треба да ја ставите својата линија во ред и да ја одржувате за себе, а не за другите бидејќи, покрај убавиот изглед, физичката активност го одржува здраво и телото.