И покрај фактот дека витамин Д е релативно безбеден, ако го земате во поголеми дози, особено подолг временски период, може да биде опасен.
Во времето на пандемија на вирусот корона, најчесто се зборува за витамин Д .Toј игра значајна улога во здравјето на мускулите и коските, како и во имунолошките реакции. Нашето тело го обезбедува со тоа што ќе остане на сонце, конзумирајќи одредена храна, а последните месеци многу здравствени експерти препорачуваат земање витамин Д преку додатоци.
Зошто ни е потребен овој витамин?
– Оптималното ниво на витамин Д во организмот придонесува за нормално функционирање на нашиот имунолошки систем.
Симптоми на недостаток на витамин Д
Според Националната служба за јавно здравје на Велика Британија, недостаток на витамин Д е многу чест, но симптоми како што се замор или болка може да се појават како последица на недостаток на овој „сончев витамин“, но и поради бројни други состојби.
Тежок недостаток на витамин Д кај деца може да предизвика деформации на коските познати како рахитис и слична состојба на слабост на коските позната како остеомалација кај возрасни.
Колку витамин Д треба да консумирате?
Ако сте слабо изложени на сонце, веројатно ќе треба да го внесувате преку додатоци.
Некои видови храна, како што се рибите и жолчките, содржат „витамин од сонцето“, но во помали количини. Затоа, се препорачува возрасните да земаат најмалку 10 микрограми (400 IU) витамин Д дневно, барем од октомври до март.
Меѓутоа, ако постои недостаток, тогаш дозата треба да се зголеми индивидуално, особено во текот на зимскиот период, со задолжителни консултации со лекар.
Можете ли да предозирате со витамин Д?
И покрај фактот дека тој е релативно безбеден, ако го земате во поголеми дози, особено подолг временски период, тоа може да биде опасно.
Речиси е невозможно да се добие премногу витамин Д од сончева светлина или преку храна, но можно е да се консумираат премногу додатоци на витамин Д за подолг временски период, што резултира со акумулација на калциум.