Дали сте зависник од кофеин?
Најчестиот симптом на недостаток на вообичаена количина утринско кафе е главоболка. Обично е со среден интензитет и трае еден ден или два откако ќе престанете да земате кофеин.
Доколку сакате да се ослободите од пијалокот со кофеин, може да очекувате непријатност во следните неколку дена, по што проблемите ќе исчезнат сами по себе.
Кофеинот е моќен стимуланс, тој брзо стигнува до мозокот и ги блокира рецепторите за аденозин кои се одговорни за заспивање. Затоа после утринска чаша кафе чувствувате налив на енергија и имате чувство дека полесно е да се концентрирате.
Ова ви помага подобро да извршувате одредени задачи, за кои е потребно зголемено внимание. Но, кофеинот има и минус. Меѓу другото, тоа е чувство што ве обзема кога ќе ја прескокнете „вообичаената доза“. – Ако редовно пиете кафе, однапред очекувате зголемена активност на мозокот по утринската чаша. Кога не го пиете, имате впечаток дека сте „смачкани“ и без енергија.
Покрај тоа, кофеинот може да предизвика зависност, затоа што кога не го добиете она на што сте навикнале, се чувствувате уморни и нервозни. Може да се „навикнете“ на кафето за само три дена редовно консумирање.
Симптомите се посилни ако сте пиеле огромни количини кафе и одеднаш сте престанале да го правите тоа. Но, тие се јавуваат и кај оние кои пиеле само една шолја кафе во текот на денот. Минималната количина кофеин е доволна за главоболката целосно да исчезне, па доколку сакате да престанете да пиете кафе, имајте на ум дека само една „голтка“ првично може да го олесни непријатното чувство.