Дали Третата светска војна е духовна војна?
Не се потребни проектили. Стравот е единственото оружје. Вашиот ум е територијата за која се води оваа војна.
Бидете свесни само за еден факт: нема нешто во светот од кое треба да се плашите. Она од кое што се плашите сега е резултат на вашиот претходен начин на размислување и перцепција за светот и за вашиот живот.
Значи, сменете го начинот на размислување. Сфатете дека стравот е илузија на тој начин што ќе го ставите пред вас и ќе го погледнете добро.
Ако се работи за страв од смрт, бидете свесни за фактот дека смртта не постои. Вие сте таа свест што поминува понатаму во нова инкарнација кога физичкото тело умира. И се сеќаваш на сè и сè уште си свесен за сè.
Ако се работи за страв од страдање и од болка, поставете си прашање. Кој се плаши, моето его или мојата душа? Секое страдање и болка што доаѓа во вашиот живот е дел од нацртот на вашата душа. Ниту една болка не е толку голема за да не можете да ја поднесете.
Запомнете дека вие самите, како душа, го планиравте тоа страдање. И, конечно, постои лек за секое страдање и болка, и физичко и емоционално.
Ние дадовме примери за можни начини за набљудување на вашите најголеми стравови. Вие додајте сè што ќе преовладува на вагата на чувството на сигурност додека да ги отстраните овие стравови.
Колку поединечно ги отстрануваме нашите индивидуални стравови, толку помалиот облак од страв ќе биде над човештвото. Секој човек е важен. И затоа не откажувајте се, туку продолжете да работите на себе, без разлика колку сте веќе уморни.
Запомнете: тоа е вашиот начин на борба за превласт на светлината над темнината и вашиот најдобар придонес за победа во оваа духовна војна.