Витаминот Ф е важен за метаболизмот и спречува зголемување на холестеролот во артериите, а воедно го зајакнува имунолошкиот систем.
Помага во намалување на телесната маса така што ги согорува заштитените маснотии.
Кај заболените од дијабетис овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува очна болест. Витаминот Ф ги ублажува менструалните болкио а се преминува и во лечење на стерилитетот кај машкиот и женскиот пол а особено кај машкиот.
Недостатокот на витаминот Ф се манифестира различно кај децата и кај возрасните. Најмладите често чуствуваат жед, имаат хронична инфекција, синуситис, честа кијавица, алергија на кожа, проблеми со дишните патишта и астма. Кај возрасните првиот симптом е сува кожа најпрвин на стапалата а потоа на нозете и на крајот по целото тело. Се развива атеросклероза и артериосклероза, тромбозда, може да се дојде до инфаркт, појава на дијареа, намалена отпорост на организамот на вируси и бактерии.
За да ги задоволите дневните потреби со овој витамин во оброците треба да користите ладно цедено сончогледаво масло кое е доста богато со оваа состојка. Истиот ефект можете да го постигнете со конзумирање на шест лажички со семенки од сончоглед. Со витаминот Ф се богати и сусамот, кикирикито, ленот и макот. Најдобро се апсорбира во комбинација со витаминот Е.