ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Дали жените во знакот овен иритираат или инспирираат ?

Планетата на овој хороскопски знак е Марс и таа влијае овните да се упорни, проактивни и работохолици како и агресивни во некои ситуации. Основна карактеристика на знакот овен е огнот како и црвената боја. Огнот сам по себе е црвен и симполизира на темперамент. Па аналогно на ова, жената во знакот на овен е жена од акција и жена која постојано се движи напред.

Основни карактеристики на жената во знакот овен

Можеби чудно, но една од главните карактеристики е тврдоглавоста. Во зависност од тоа како ја насочува својата енергија тоа може да биде и предност или мана. Исто така жените во овој хороскопски знак не се од оние кои бегаат од проблемите, туку напротив тие имаат тендеција да се соочат со нив. Може слободно да се потенцира дека жената во знак овен е независна, силна и полна со самодоверба. Со таквиот начин на однесување и со таквите карактерни особини таа дава пример на другите како треба да се однесуваат. Амбициозноста не е исклучена. Овој хороскопски знак сака да се натпреварува во се.

Некоректно би било да кажеме дека овој хороскопски знак нема маани. Посебно во случаите кога планетите и ѕвездите ќе се спојат така да овој знак се појавува како главeн и како подзнак односно како двоен овен. Во тој случај нејзините карактеристики се пренагласени и како такви стануваат маани. Амбициозноста на жената во знак овен може да премине во себичност и агресивност. Жената чиј хороскопски знак е овен често е преокупирана со контрола и нсе сфаќа дека луѓето около неа мора сами да научат некои лекции и дека не им треба учител.

Надворешни карактеристики на жената во знакот овен

Жената во знакот овен е специфична по надворешниот изглед на лицето. Во некои ситуации има силно изразени црти на лицето со изразени јаболчници, или пак високо подигната глава. Косата генерално им е кратка затоа што сметаат дека како таква е лесна за одржување. Атлетски се градени, сакаат спорт и натпреварување и често се во движење и тоа се забележува на нив.

Поврзаноста на жената овен и модата

Овој хороскопски знак има доста изразен темперамент. Жената овен претендира да носи црвена гардероба и многу на тоа гледаат како на нападна боја и тешко се одлучуваат да ја носат. Жената овен смета дека црвената боја е атрактивна. Жената овен која навистина ги следи модните трендови често купува и воопшто не води сметка за тоа колку пари ќе потроши.

Можеби ќе ве интересира: 10 Факти зошто личностите во знакот девица се најуспешни во животот!

Љубовта и жената во знак овен

Кај жената овен нема скриени карти и резерва на љубовниот план. Таа не се игра со емоции. Не верува во љубов на далечина и смета дека партнерот треба да е во нејзина близина. Жените во овој хороскопски знак се доста љубоморни и на големи растојанија не фукнционираат бидејќи ситуацијата не им е под контрола.

Ако некој и изгледа привлечно , жената овен на јасен начин тоа ќе го покаже со конкретен флерт. Ако стапи во врска, ќе биде верна до небо. Понекогаш е во ситуација да ги прикрие мааните на свој партнер , извршувајќи некои работи кои се во негов делокруг. Жената во хороскопскиот знак овен има енергија за двајца што не оди во нејзин прилог бидејќи честопати се наоѓа во ситуации да биде искористена од друга страна.

Ако чувствата исчезнат таа раскинувањето лесно ќе го прифати. Жените во знакот овен се силни и независни и не трпат слабост покрај себе. На овој хороскопски знак соодветно одговара партнер кој може да ги следи нејзините идеи и темпо. Жената овен е романтична. Таа е реална и на дадена љубов возвраќа со иста мера. Личност со таква самодоверба и его нема време да пати за неостварена љубов.

Однос со семејството и пријателите

Жената овен е посветена на семејството и на пријателите. Таа настојува за да остави добар впечаток и да импресионира. И во ситуација кога љубовната врска може да ја прекине по брз пат, таа сепак во релација со семејството и со пријателите ќе настојува тоа да опстои и да функционира. Ако семејството е гордо на неа, нејзината самодоверба нема граница. Жената во овој хороскопски знак навистина ги сака своите пријатели.

Професија на жените во знакот овен

Жената овен како што рековме е доста амбициозна и претендира да работи на такви позици каде што ќе има моќ и ќе може да командува. Од сите особини може да се истакне дека кариерата и е особено важна во животот. Таа никогаш нема да дозволи финансиски да зависи од некој и не е профил на жена која ќе се прврзе за деца и за куќата. Тоа не значи дека таа неможе да се остварии во овие улоги туку едноставно не ги гледа нив како причина да не поведе грижа својата кариера. Жената во знак овен ги бира своите работни позиции кои бараат возбуденост и самостојност. Не се плаши од одговорност и затоа е создадена за лидерска позиција.

Автор: Бојан Стефановски

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!