Дали знаете која беше Марија МОНТЕСОРИ? Ви донесовме 10 од нејзините совети за РОДИТЕЛИТЕ доколку сакаат нивните деца да бидат успешни.
Марија Монтесори го посвети својот живот на децата и нивниот развој.
Марија Монтесори беше одличен педагог и многу помогна да се смени ставот во воспитувањето деца во 20 век. Таа го смислила методот Монтесори и целиот свој живот го посветила на работа со деца. Тешко е да се разбере овој пристап без увид во нејзиниот живот и дело.
Која е Марија Монтесори?
Во 1897 година, д-р Марија Монтесори беше назначена за асистент на Клиниката за психијатрија во Рим. Дел од нејзините должности беше да го посети азилот за „ментално болни“ со цел да ги издвои пациентите кои се соодветни за клиниката. Во тоа време, „слабоумните“ деца беа ставени во азили. Лошите услови и начинот на кој тие се однесуваа кон децата ја допреа длабоко, не само нејзиното срце, туку и нејзиниот генијален ум, кој почнува да ги забележува деталите. Набудувајќи ги како играат само со трошки од леб под масата, се доаѓа до заклучок дека нивниот проблем не е толку медицински, колку педагошки и дека рацете се алатка за развој на мозокот.
Совети за родителите
Таа е позната по формулирање на кратки, но импресивни заповеди за родителите. Тие се концизни, но полни со мудрост. Препорачуваме да ги читате барем еднаш годишно.
- Децата учат од она што ги опкружува.
- Ако честопати го караме детето, тоа учи како да им суди на другите.
- Ако често го фалиме детето, тоа учи како да ги цени другите.
- Ако покажеме непријателство кон детето, тоа ќе научи да се бори.
- Ако сте искрени со вашето дете, тоа ќе научи што значи правда.
- Ако често се потсмевате на дете, тоа станува срамежливо.
- Ако детето се чувствува безбедно, тоа учи да им верува на луѓето.
- Ако на детето му кажеме „Срам да ти е“ премногу често, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.
- Ако детето често се охрабрува, ќе има голема самодоверба.
- Ако го поддржувате вашето дете, тоа ќе биде самоуверено.