ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Децата кои ручаат со своите родители не се оддаваат на пороци

Децата кои ручаат со своите родители не се жртви на зависност.

Обидете се да уживате во семејните ручеци со вашите деца колку што е можно почесто.

Поради брзото темпо на живот и преголемиот број обврски, на многу семејства денес не им е лесно да ги соберат сите членови од семејството на масата во исто време.

Ручекот во семејниот дом е подобар

Ако малите деца јадат дома, ќе стекнат здрави навики во исхраната, а тоа ќе ги спаси од дебелина, која е сè поприсутна кај децата и кај младата популација. Истражувањата покажаа дека луѓето коишто јадат претежно дома, избегнуваат брза храна и колачи и имаат многу помали шанси да станат дебели.

Доволно е да се знае дека храната подготвена во рестораните содржи околу 60 проценти повеќе калории од онаа што е подготвена дома.

Храната во рестораните е покалорична

Врз основа на резултатите од студијата во која учествуваа деца на возраст од 9 до 14 години, беше откриено дека оние деца кои ручаат дома, со своите родители, јадат помалку пржена, нездрава храна и пијат помалку сокови. Нивната исхрана се базира на зеленчук и на клучни хранливи материи, калциум, железо и влакна. Покрај тоа, тие пијат повеќе вода и помалку сок. Јадењето со семејството е одлична можност за децата да се запознаат со разновидната храна и да пробаат нови вкусови.

Децата кои ручаат со родителите не се оддаваат на пороци

Научниците докажаа дека честите семејни ручеци имаат моќ да го намалат ризикот од појава на депресија и нарушувања во исхраната. Децата кои ручаат дома, со своето семејство, можат да се бранат дури и од пороци.

Имено, научниците утврдиле дека децата кои ручаат со своите родители најмалку петпати неделно, подоцна во животот многу поретко одлучуваат да пушат и да конзумираат алкохол и дрога. Тинејџерите кои ручаат со своите семејства помалку од трипати неделно, имаат зголемен ризик од употреба на дрога (три и пол пати повеќе од нивните врсници). Кај нив, веројатноста за посегнување по наркотични средства и марихуана е трипати поголема, а шансите да почнат да пушат цигари и да пијат алкохол се поголеми за два и пол пати.

Научниците докажаа дека и помладите и постарите луѓе кои редовно ручаат со своите семејства, имаат помалку проблеми со стресот бидејќи добиваат поддршка од најблиските.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!