Декартов квадрат — неверојатно лесен начин да се донесе тешка одлука
Декартовиот квадрат е едноставен, но многу ефикасен метод кој може да ви помогне да донесете тешки одлуки. Идејата која стои зад него е дека можете да анализирате секаков проблем или ситуација од различни агли и тоа само со одговарање на четири прашања.
Дајте искрени одговори на следниве прашања:
1. Што ќе биде ако се случи тоа?
(Што ќе извлечам од сето тоа?)
2. Што ќе биде ако не се случи тоа?
(Дали сè ќе остане исто? Кои се придобивките ако не направиме нешто?)
3. Што нема да биде ако се случи тоа?
(Слабости, недостатоци, грешки, штета што би се појавиле ако направиме нешто.)
4. Што нема да биде ако не се случи тоа?
(Грешки и недостатоци ако не направиме нешто.) Бидете внимателни кога одговарате на ова прашање. Мозокот ќе се обиде да ја игнорира двојната негација, а вашиот одговор може да биде сличен со првиот. Не дозволувајте да се случи тоа.
Зошто овој метод е толку ефикасен?
Суштината е во тоа што, кога сме во ситуација која бара од нас да донесеме тешка одлука, често заглавуваме на првото прашање. Што ќе биде ако се случи тоа? Така, Декарт ни овозможи да гледаме на истиот проблем од четири различни агли со помош на квадрати. Тоа ни овозможува да направиме добро избалансиран и свесен избор.