Еве го рецептот за најбрзи, сочни и најубави мафини! Десерт од јогурт и ванила кој нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:
- 2 јајца
- 150 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 125гр густ јогурт
- 75мл масло
- 100мл млеко
- 250гр брашно
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 1 прашок за пециво
- чоколадо, крем, овошје и друго по ваш избор
Подготовка :
- Изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер со миксер. Додадете млеко, јогурт и масло и убаво измешајте.
- Измешајте ги сувите состојки (пудинг од ванила, брашно, прашок за пециво) и постепено додавајте ги во смесата.
- Наредете го тестото во корпи за хартија за мафини.
- Кој сака може да додаде чоколадо, крем, овошје, што имате во тој момент
- Испечете ги мафините на 180 степени (горен и долен грејач) 25 минути или 160 степени (дува).
- После печење, само украсете ги по желба.
Уживајте во десерт!