Добри деца не се раѓаат. Добрите деца ги воспитуваат добри родители.
Не е лесно да се биде родител. И породување, доење, исхрана, болест…Па, сите нови правила во воспитувањето.
Убаво рече Душко Радовиќ – „Дај ми добро дете и ќе видиш каков родител сум“. Но, добри деца не се раѓаат. Добрите деца ги воспитуваат добри родители.
Иако вистинскиот рецепт за добар родител не постои, ние врз основа на долгогодишно искуство и различни истражувања направивме 10 родителски заповеди кои, ако ништо друго, ќе ви помогнат да не бидете родители кои едно прават, а мислат друго, а трето очекуваат од нивните деца.
1. Не го спречувајте вашето дете да поминува време на мобилен телефон.
2. Не инсистирајте детето да оди на три тренинзи, а вие да седите во собата пред телевизор.
3. Не носете здрава храна пред детето, додека се вие јадете пици и чоколади, со задолжителната цигара после оброк.
4. Не го предупредувајте вашето дете да чита книги, кога последната прочитана книга ви била Малиот принц во основно училиште.
5. Не очекувајте вашето дете да биде мирно, присебно и добро воспитано и да му се дозволи да вика, да крши и да пцуе.
6. Не му купувајте на детето расно куче, ако на улица ги мавате кучињата скитници.
7. Не барајте од вашето дете да го сака и почитува училиштето додека и кажувате на наставничката дека е глупава, арогантна или необразована.
8. Не бидете премногу зафатени за вашето дете, а потоа опуштено одете на фудбал, маникир.
9. Сакате детето да биде одговорно, а вие заборавате да го земете од училиште, да платите екскурзија или да дојдете на неговата игра.
10. Не бидете сурови кон старите родители, а потоа барајте од децата да ве почитуваат.
И никогаш, никогаш не заборавајте дека децата гледаат се од своите родители.
Експертите тврдат дека детето има усвоено вредности и однесување од својата околина до седумгодишна возраст. Затоа е многу важно да се однесуваме онака како што сакаме нашите деца да се однесуваат, уште од најраниот период на нивното растење.