Домашен намаз од печени пиперки, повкусен од ајвар. Едноставен е и за почетници во готвењето.
Ако сакате печени пиперки, а немате време да подготвите домашен ајвар, овој намаз може да биде достојна замена. Се подготвува брзо, не е скапо, а може да го направат и апсолутни почетници во кујната.
Состојки:
- 3 црвени пиперки (бабури),
- 50гр. леблебии,
- 2 чешниња лук,
- 50мл. маслиново масло,
- 50гр. путер,
- една лажица сушен магдонос,
- прстофат сол,
- прстофат бибер,
- една лажица мелен црвен пипер.
Подготовка:
Измијте ги добро свежите пиперки, па печете ги на шпоретот. Ставете ги во обична кеса и оставете ги да отстојат десет минути за да се излупат полесно.
Варете ги наутот во вода, процедете и ставете го во блендер. Додајте ги печените пиперки и измешајте добро сè. Во добиената смеса додајте сецкан лук, маслиново масло, путер, магдонос, бибер, сол и мелена слатка пиперка и уште малку блендирајте.
Послужете со свеж или препечен леб.
Уживајте!