Две шолји кафе пред тренинг ја зголемуваат издржливоста

Слични

Шест начини да останете здрави додека работите седејќи пред компјутер

Шест начини да останете здрави додека работите седејќи пред...

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто?

Што се случува во нашето тело кога јадеме луто? Лутата...

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав?

Чај од ѓумбир. Зошто ѓумбирот е здрав? Чајот од ѓумбир...

Нетолеранција на лактоза во 2021 година

Нетолеранција на лактоза во 2021 година Нетолеранцијата на лактоза е...

Сподели

Две шолји кафе пред тренинг ја зголемуваат издржливоста

Кофеинот влијае на хемикалиите на мозокот одговорни за замор и го стимулира производството на енергија што ја продолжува издржливоста, но тоа не значи дека треба да претеруватe.

Покрај будењето и забрзувањето на метаболизмот, кафето е одличен пијалок пред вежбање бидејќи го намалува напорот и заморот.

Се препорачува да се испијат две шолји кафе еден час пред тренинг. Тоа ќе влијае за да се зголеми издржливоста (за 30 %), вежбата да биде поинтензивна, а самиот тренинг да биде подолг.

Кафето ви дава издржливост

Една шолја кафе во просек содржи 100 милиграми кофеин, а оптимално е да се консумираат 3 до 4 милиграми кофеин на еден килограм. Така, мажот кој е тежок околу 61 килограм може да испие две чаши пред тренинг. Ова ќе му даде дополнителна енергија на телото да тренира подолго и да вложи повеќе напор. Сепак, експертите предупредуваат дека кофеинот може да има и негативни последици за телото, како што се: несоница, главоболки, вознемиреност и висок крвен притисок. Затоа не се препорачува да се претерува со конзумирање на овој топол пијалок.

Прекумернoто внесување на кофеин може да доведе до зголемување на нивото на хомоцистеин во крвта, а тоа е поврзано со мозочен и срцев удар, деменција и проблеми со плодноста.

Кофеинот е непредвидлив, па затоа е важно секогаш да пиете вода за време на тренингот за да спречите дехидрација и прегревање на телото.

Претходните истражувања потврдија дека кофеинот помага во фудбалските и тркачките дисциплини. Спортистите го користат затоа што ја зголемува издржливоста и може да влијае позитивно на моторните вештини.

error: Content is protected !!