Едноставни начини на согорување на дополнителни калории.
Доколку сеуште не сте ја подготвиле својата совршена линија за бикини, ви предлагаме ефикасна абдоминална вежба која ќе ви помогне да ги затегнат стомачните мускули и да се ослободите од вишокот масни наслаги.
Различни диети, часови поминати во теретана, пиење скапи и невкусни пијалоци, сето ова секако помага во слабеењето.
Но, зошто да страдате кога можете да согорите калории на други, поедноставни начини?
Бидете лути
Ако сакате да започнете и немате сила, сè што треба да направите е да се сетите на личноста која неодамна ве налутила и на тој начин ќе започнете побрзо и поефикасно.
Комбинирајте вежби
Додека сте на редовен тренинг , не фокусирајте се само на вежби за тренингот. Комбинирајте ги со тренинг за кардио и сила. На тој начин ќе потрошите повеќе калории.
Фокусирајте се на нозете
Спуштајте се надолу во получучањ со раширени нозе повеќе од колковите. Кога ќе ги зајакнете мускулите на бутот, сè друго ќе ви биде полесно.
Согорувајте повеќе маснотии
Еден час пред тренинг јадете мусли, јаболка, овошје, јогурт и пијте сок од јаболко, бидејќи на тој начин ќе согорите двојно повеќе маснотии отколку ако јадете бел леб, маргарин и џем.
Возете велосипед
Возењето велосипед е еден од најдобрите начини да согорувате вишок калории во затворено.
Продужете го ефетот
Не користете каков било вид на маснотии два часа по тренингот. Тренингот го активира хормонот за раст, кој ги разградува мастите во телото. Ако јадете маснотии во овој период, ќе го запрете овој процес.