Ги зајакнува и душата и телото: Здрава крем супа од зеленчук (РЕЦЕПТ)

Слични

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ)

Сочна торта со круша, неодолива за празниците (РЕЦЕПТ). Правете торти...

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната вечера

5 совети на готвачи со Мишелин ѕвезда за новогодишната...

Лиснато тесто со јаболка и цимет

Лиснато тесто со јаболка и цимет. Можете ли да ги...

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење

Колач со ѓумбир и глазура од крем сирење. Речиси и...

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото

Пилешко и зеленчук во бои на виножитото. Иако малкумина од...

Сподели

Ги зајакнува и душата и телото: Здрава крем супа од зеленчук (РЕЦЕПТ).

Со доаѓањето на постудено време, телото бара посилна и варена храна, чија подготовка обично бара многу време.

Сепак, оваа супа од зеленчук се подготвува лесно и брзо, а вкусот ќе ве воодушеви и сигурно ќе ве заживее.

Состојки:

  • 50 грама путер
  • 500 грама компир ( исечен на коцки)
  • 1 голем кромид
  • 100 грама моркови (рендани)
  • 1 домат (излупен и ситно исечкан)
  • 50 грама ориз
  • зачини по желба: сол, бибер, мелена слатка пиперка, свеж магдонос, мелен црвен пипер…
  • 1 чаша кисела павлака

Подготовка :

Прво растопете го путерот во подлабока тава, па додајте го кромидот, морковот и доматот да се динстаат. Потоа додадете компири, истурете вода врз зеленчукот и оставете да се свари. Некаде среде готвење, додадете ориз и зачини.

Намалете го огнот и оставете да се динста уште половина час, додавајќи вода кога ќе испари. Кога компирот ќе омекне, изгмечете го малку со вилушка, или за уште кремаст вкус, изматете со миксер со најмала брзина. На крајот додадете ја киселата павлака, и добро промешајте.

Уживајте!

error: Content is protected !!