Разни настани, случувања и ситуации влијаат на нашето дефинирање на среќата и несреќата, а астрологијата пак ги препознава некои причини кои се клични поради кои некој знак се разочарува и страда повеќе од некој друг.
Овен
Несреќни сте кога морате да ги прифатите работите кои не ги сакате и кога животот не е она што вие го сакате и бирате. Задоволни сте само кога го работите она што ви е замислено и затоа престанете да правите компромиси.
Бик
Кога ќе ви застанат на патот работите на кои неможете да влијаете и кои неможете да ги контролирате тоа дополнително ве вознемирува. Потребно е да поработите на прилагодување на своите ставови и очекувања бидејќи животот е полн со непредвидени околности и ситуации и најмалку е она што можете да го контролирате но затоа пак своето однесување и реакциите можете да ги контролирате.
Близнаци
Среќата бега од ваш поради вашето настојување да се подготвите на сите очекувања и размислувања на другите околу вас, и на она што тие го мислат и зборуваат за вас. Заборавете на другите, на нивните пофалби и критики и вреднувајте го она во целост што тие го мислат и чуствуваат за вас. Прекинете го тој болен круг на зависност од осуди и етикети.
Рак
Можеби сте мислеле дека ве направи среќни она што сте толку ангажирани за среќата и благосостојбата на другите но напротив тоа ви ја одзема енергијата и ве прави да бидете несреќни. Одлично е чуството да се биде важен, да се биде сигурност за другите но на вас ви е потребно помалку да се вклучувате во нечии животи и проблеми, а повеќе да водите сметка за сосптвениот живот.
Лав
Лавовите се нeсреќни кога неможат да се ослободат од минатото. Тешко ни е да простиме и да прифатиме дека животот продолжува напред без оглед на тоа што не повредило. Но морате да научите и да простувате и да се опуштите бидејќи тоа е важно за вашата благосостојба и среќа.
Девица
Премногу сте чуствителни за се и сешто а тоа ве прави подоцна да бидете и несреќни. Не морате да бидете силни и цврсти, не сте единствени кои преживуваат тешни времиња и поминуваат низ болни искушенија. Разговарајте со некого, отворете му се и доверете му се и кога ќе сфатите дека не сте сами со своите стравувања ќе ви биде многу полесно.
Вага
Сакате сите да ве прифаќаат и да ве вреднуваат. Ослободете се од идеите дека сите треба да ве сакаат и на сите да им се бендисувате бидејќи секогаш ќе имате продивници и непријатели, како и оние што се потполно индиферентни. Бидете благодарни на оние кои се во ваша близина и кои ве сакаат и им недостасувате а сите останати не се важни.
Скорпија
Често сте загрижени поради тоа што другите мислат за вас. Луѓето по природа се наклонети да осудуваат. Полесно е да размислите на тоа дали и вие осудувате некого и бидете доследен на своите вредности односно останете искрен, отворен и непосреден за да привлечете искрени луѓе во својот живот.
Стрелец
Ако живеете во некоја улога наместо реален живот често ќе бидете несреќни. Ако се обидувате постојано да ги задоволувате потребите на блиските и глумите дека се е во ред и ги криете вашите вистински чуства само дополнително си создавате терет кој кога тогаш ќе ве скрши. По природа ја сакате слободата па затоа слободно бидете она што сте.
Јарец
Имате многу идеи кои ви паѓаат на памет но ништо не превземате и тоа ве нервира. Несреќни сте кога не ги користите своите капацитети и не ги развивате своите потенцијали затоа што е неопходно да работите она што го сакате и да го унапредувате своето знаење и вештини.
Водолија
Работите нешто што сте приморани и кое ве замара но сакате да сте слободни и никому да не полагате сметки. За да бидете среќни морате да го прилагодите својот стил на животот на сите услови за да имате повеќе слобода. Размислувате за тоа што најмногу ќе ве направи среќни и како тоа да го реализирате.
Риби
Несреќни се бидејќи секогаш сакате повеќе. Заборавате на она што го имате и често гледате што ви недостасува. Таа амбиција е помешана со лично казнување поради недоволни достигнувања и тоа претставува ваша болна особина која мора да ја промените. Започнете од тоа секој ден да изразувате благодарност за се она што го имате во животот.