Го забрзува метаболизмот и помага при слабеење: Ова е идеален утрински пијалок.
За да го забрзате метаболизмот или да изгубите неколку килограми, овој утрински пијалок е идеален за вас.
Ако ви треба дополнителна енергија за извршување на дневни активности и сакате да го одржувате вашето здравје на високо ниво, тогаш ви треба овој пијалок:
Чаша топла вода со сок од лимон
Пијалок кој се состои од само две состојки – вода и лимон, може на неверојатно ефикасен начин да му помогне на вашето тело во борбата против различните тешкотии и да ви помогне да ги совладате секојдневните активности. Треба да консумирате само една чаша од овој пијалок секое утро пред да пиете или да јадете нешто друго. Топла вода и лажичка исцеден сок од лимон ќе направат чуда за вас.
Го чисти организмот-вода и лимон
Овој пијалок ќе го прочисти вашето тело – почнувајќи од црниот дроб, ќе го стимулира дигестивниот тракт, ќе ја подобри работата на цревната флора, и благодарение на антиоксидансите што се наоѓаат во лимонот, кои помагаат во регенерација на клетките – вашето лице ќе осветли.
Помага при слабеење
Ако сте на диета или треба да изгубите тежина – овој пијалок може да ви помогне и за тоа. Покрај тоа што помага во исфрлање на вишокот течности од телото и го забрзува метаболизмот, влакната што се наоѓаат во лимоните го намалуваат апетитот.
Дава енергија
Иако повеќето луѓе кои пијат кафе сметаат дека тоа е единствениот пијалок што може да ве разбуди наутро – тоа не е точно. Топла вода и лимон имаат поголема моќ да ве разбудат отколку чаша кафе. Покрај тоа, мирисот на лимон позитивно влијае на расположението.
Забрзува заздравувањето
Благодарение на витаминот Ц, кој се наоѓа во големи количини во лимоните, раните заздравуваат побрзо, коските остануваат поздрави, а воспалението во организмот побрзо се смирува. Витаминот Ц е главната состојка во терапијата против стрес и физички повреди. Затоа, чаша вода со лимон секое утро ќе биде доволна за нашето тело да се чувствува (што) подобро.
Го освежува здивот
Чаша топла вода и сок од лимон може да ви помогне да имате свеж здив. Покрај тоа, лимонот ја ублажува забоболката, како и гингивитот, а според некои истражувања ги ублажува симптомите предизвикани од периодонтитис. Негативниот ефект на лимонот е тоа што може да ја оштети глеѓта на забот. За да се избегне ова, доволно е да не ги миете забите веднаш по пиење вода со лимон, или барем прво да ја исплакнете устата со чиста вода.